Апел на шанкер до клиентите: „Правите некои ужасни работи кај мене во локал - кои се тие?“
Го менувате рецептот на коктелите
Ако порачувате коктел од менито, Дејвид советува да не барате од барменот да додаде нешто или да го менува рецептот.
Тој самиот многупати бил во ситуација кога гостинот го враќал коктелот со сменет рецепт бидејќи имал ужасен вкус.
Очекувате шанкерот да запомни што сте нарачале
Можно е барменот да запомни што сте нарачале претходно, но не можете да очекувате да ги помни пијачките на сите во локалот.
Па, секојпат кажувајте што точно сакате.
Го прашувате него што има за пиење
Кога ќе го прашате барменот што има за пиење, вие очекувате да ви го каже целото мени.
Сепак, Дејвид вели дека е во ред да поставите прашање како „Какви пива имате?“, „Кои брендови џин ги имате?“ и слично.
Зафаќате многу простор на шанкот
Мора да бидете свесни дека во локалот има и други луѓе кои сакаат да застанат на шанкот.
Па, немојте да зафаќате многу простор со вашите лични предмети.
Прочитајте и Апел на фризерка до клиентките: „Правите некои ужасни работи кај мене во салон - кои се тие?“
Спирова С. | Црнобело