5 знаци дека поминувате премногу време онлајн
Најмодерната опсесија лека- полека завладува со нашиот живот. Нема ден без Интернет. Нема ден без социјална мрежа. Нема работа без компјутер.
Проверете до каде напредува вашата зависност од Интернетот.
1. Започнувате за зборувате твитерашки. Низ фирма се шири муабет: Retweet директор, половина од вработените ќе биле отпуштени месецов!“
2. Концентрацијата ти е како на златна рипка. Работиш на некој бизнис план, во меѓувреме разглабаш моменти од минатата вечер со пријателите на групен чат на Скајп, со колегите на групата на Фејсбук, паралелно гледаш смешно видео на ЈуТјуб и секако ја читаш статијава на ЦрноБело. Хм, а до кај беше со работа? Всушност, што уствари работеше?
3. Не ти треба телевизор. Си гледаш серии онлајн, спорт исто, нешто чат пат вести си следиш на компјутер.
4. Имаш блиски пријатели кои никогаш не си ги запознал. А, вашето пријателство започнало затоа што сте и двајцата фанови на Интер, или делите исти политички ставови на Твитер, а можеби и сте направиле лајк на страната на некоја кафана, па сте се пронашле дека таму сакате да излегувате.
5. Знаете за сè уште пред да се случи. Уште лекарите немаат потврдено нечија смрт, веќе има 150 групи за оплакување на личноста на Фејсбук, Твитер е пребукиран од твитови. Уште не те здрмал земјотресот, а читаш на Твитер колку степени бил според Рихтер.
И, зависни сте или сè уште не?