Детален приказ како навистина изгледал животот во затворот Алкатраз
Да се биде затвореник во Алкатраз значело дека деновите ти се планирани, ќелијата е уредна и имаш многу малку можности да комуницираш со другите, а уште помалку со надворешниот свет.
Федералниот затвор на островот Алкатраз, кој се наоѓа во близина на брегот на Сан Франциско, Калифорнија, бил отворен во 1934 година, сè додека не се затвори речиси три децении подоцна.
Алкатраз бил резервиран за некои од најнемилосрдните криминалци, а животот таму не бил само затворање и казнување, туку дисциплина и рутина.
Меѓу најпознатите затвореници во Алкатраз бил и Ал Капоне кој издржал тешки услови, ригорозна дисциплина и екстремна изолација.
Како навистина изгледал животот таму?
Секој затвореник имал право на 4 работи
Четирите права што му биле дадени на секој затвореник биле: облека, храна (три оброци на ден), засолниште и медицинска нега. Дополнителните права што може да се заработат вклучуваат одење во библиотека, играње бејзбол, одење во црква, слушање радио, гледање филмови и играње шах или домино.
Само еден затвореник во ќелија
Алкатраз имал 336 ќелии, секоја со креветче, леген и тоалет. Ќелиите во блок Д биле поголеми, но тоа е затоа што биле користени од затворениците кои се во самица.
На затворениците сместени таму не им било дозволено да одат никаде освен за неделната посета на дворот за рекреација.
Секогаш имало околу 302 затвореници и Алкатраз никогаш не бил преполн, а секој човек имал своја ќелија. Ова било среќа за некои затвореници бидејќи спречувало несакани напади и убиства.
Водата за капење секогаш била умерено топла, но само како средство за спречување бегство
Интересно нели? Што била причината за ова? До затворот имало залив кој бил еден од начини за бегство. Температурите на водата во заливот се движеле од 50 до 54 степени.
Така, тушевите во Алкатраз секогаш биле снабдени со умерено топла вода, со цел да ги спречат затворениците да се приспособат на замрзнатите води на заливот.
Напорната работа можела да ја намали казната
Затворениците работеле во перална и кујна или пак го чистеле дворот. За таква работа, тие би можеле да заработат од 5 до 12 центи на час, но уште поважно, затвореникот би можел да добие намалување на казната.
Работата во фабриката за перење и обработка на дрво, им дозволувала на затворениците да одбијат два дена од казната за секој работен месец во текот на првата година.
Се служела најдобрата храна во затворскиот систем
Се претпоставува дека послужувањето добра храна била идејата на првиот управник, кој сфатил дека лошата храна доведува до несреќни затвореници и немири. Храната се служела во 6:45, 11:40 и 16:25 часот. Затворениците јаделе овошје, житарки, млеко, леб и кафе за појадок.
Ручекот вклучувал супа и месо со зеленчук, леб и чај. Некои дополнителни работи за ручек можеле да вклучуваат пита од јаболка или други вкусни десерти. Вечерата била слична на ручекот.
Апсолутната тишина била укината како престрого правило
Во првите неколку години од работењето на Алкатраз, било спроведено правило дека затворениците не можела да зборуваат, освен кога нарачуваат храна. Тие исто така можеле да разговараат само во работилниците или во дворот за вежбање во сабота попладне и во недела наутро.
Правилото било укинато во 1937 година, не само затоа што поранешните осуденици им кажувале на новинарите од весниците колку е сурово правилото, туку и затоа што било тешко да се спроведе, а мажите наоѓале начини да го заобиколат (како што е користење на цевките во ќелиите за да комуницираат).
M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com