6 јадења и намирници што денес имаат релативно висока цена, но порано биле храна за сиромашните

Денес, интегралниот леб најчесто е поскап од белиот, но во не толку далечното минато, овој леб го јаделе само луѓето од средната и ниската класа бидејќи бил многу поевтин.

6-jadenja-i-namirnici-shto-denes-imaat-relativno-visoka-cena-no-porano-bile-hrana-za-siromashnite-01.jpg

Можеби не обрнуваме многу внимание на историјата на храната што ја јадеме, но тоа не значи дека не е фасцинантна.

За повеќето популарни јадења е невозможно да се утврди од каде потекнуваат, но благодарение на археолошки пронајдоци и историски текстови, експертите можат да извлечат некои детали за нивното минато.

Можеби најинтересно е како се менува „статусот“ на некои јадења низ годините.

Она што некогаш се сметало за луксуз, денес не би го пробале, а важи и обратното – јадењата што порано ги јаделе само сиромашните, денес се продаваат во луксузни ресторани како најдобри специјалитети.

6 јадења што порано ги јаделе само сиромашните, но денес имаат релативно висока цена:

Гаспачо

Гаспачо е супа од домати препознатлива за Шпанија и денес се смета за вистински деликатес.

Постојат многу теории за потеклото на рецептот. Според најпопуларната, супата на почетокот се правела со бајат леб, маслиново масло, вода, оцет и лук, а во Шпанија ја донеле Римјаните.

Овде брзо се прославила и станала дел од традиционалната кујна, а со текот на времето се појавиле и разни варијации во зависност од областа.

Најпозната била верзијата со домат, која била особено популарна кај сиромашното население и овчарите.

6-jadenja-shto-denes-imaat-relativno-visoka-cena-no-porano-bile-hrana-za-siromashnite-02.jpg

Фонду

Како за повеќето традиционални рецепти, историчарите дебатираат и за потеклото на фондуто.

Верзија на ова јадење првпат се спомнува уште во хомеровата Илијада, каде што е опишано како мешавина од козјо сирење, вино и брашно.

Рецептот се појавува и во шведска книга за готвење од 17-тиот век, а многумина веруваат дека јадењето го измислило сиромашното население.

Според теоријата, во студените зимски месеци, кога производството на храна било драстично намалено, сиромашните луѓе правеле фонду за да го искористат бајатиот леб, но и сирењето кое било пред расипување.

Низ годините, рецептот претрпел многу промени, а „модерната“ верзија потекнува од доцните 1800-ти.

Во 1930-тите, пак, Швајцарците го прогласија за национално јадење, па сега фонду е деликатес кој се служи во многу луксузни ресторани. 

А, кога ќе се земе предвид зголемената цена на млечните производи, и домашно направеното фонду може да чини мало богатство.

6-jadenja-shto-denes-imaat-relativno-visoka-cena-no-porano-bile-hrana-za-siromashnite-03.jpg

Путер

Путерот е толку стар, што се спомнува и во Библијата, каде што е опишан како храна за прослави и гозби.

Не е познато од каде потекнува путерот, а археолошките откритија и историските текстови покажуваат дека го користеле многу народи, вклучувајќи ги Римјаните и жителите на арапските земји.

До 12-тиот век, путерoт бил особено популарен во земјите во Северна Европа, а до Средниот век се прославил низ целиот континент.

Овој период путерот бил омилен додаток кај сиромашното население бидејќи им помагал да го збогатат вкусот на инаку сиромашната трпеза.

Со колонизацијата на Америка, путерот се прославил и на американскиот континент, па станал задолжително јадење на трпезата на сиромашното население.

Тие најчесто готвеле со путер наместо со масло.

6-jadenja-shto-denes-imaat-relativno-visoka-cena-no-porano-bile-hrana-za-siromashnite-04.jpg

Кафеав шеќер

Денес кафеавиот шеќер има повисока цена од белиот и некои го сметаат за поздрава алтернатива.

Но, во доцниот 19-ти век, благодарение на кампања, популарноста на кафеавиот шеќер драстично се намалила, а со тоа паднала и неговата цена.

Овој период, тогаш релативно новата индустрија за бел, рафиниран шеќер, немала контрола над производството на кафеав шеќер.

Па, за да се заштитат од конкуренцијата, некои производители започнале кампања со која ги лажеле луѓето дека во кафеавиот шеќер живеат опасни микроби.

Кампањата се покажала како успешна, па дури и во некои книги за готвење од тој период е нагласено дека кафеавиот шеќер е со послаб квалитет и многу поштетен од белиот.

6-jadenja-shto-denes-imaat-relativno-visoka-cena-no-porano-bile-hrana-za-siromashnite-05.jpg

Интегрален леб

Дури во 20-тиот век луѓето почнале да размислуваат за здравствените придобивки од лебот и сфатиле дека интегралниот леб можеби е подобра варијанта од белиот.

Низ историјата, посиромашното население од повеќето народи јадело само интегрален леб.

Интегралното брашно било многу поевтино, па лебот од него станал препознатлив за луѓето од ниската, но и средната класа.

6-jadenja-shto-denes-imaat-relativno-visoka-cena-no-porano-bile-hrana-za-siromashnite-06.jpg

Тофу

Иако кај нас тофуто е продукт што се прослави релативно неодамна, во азиските држави, посебно Кина, тофуто се консумира над 2.000 години.

Тофуто е одлична замена за месо за вегани и вегетаријанци бидејќи лесно се вклопува во секакви јадења, а има и многу протеини.

Денес тофуто има релативно висока цена не само кај нас, туку и во другите држави ширум светот.

Сепак, во минатото Азијците, особено богатите, го избегнувале тофуто и генерално го консумирале будистички свештеници кои биле вегетаријанци.

Во Кина, пак, тофуто се носело на гробишта бидејќи луѓето верувале дека починатите немаат вилица и заби, па само ова храна е доволно мека за нив.

Денес во многу азиски земји тофуто е една од главните состојки во народните јадења, па таму уште може да се најде по многу пониска цена.

6-jadenja-shto-denes-imaat-relativno-visoka-cena-no-porano-bile-hrana-za-siromashnite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg