„Немојте да му се жалите на сопругот за вашите проблеми“: Смешни совети за жени од 1950-тите

Секогаш бидете убаво облечени и нашминкани за сопругот и немојте да му се жалите за вашите проблеми - кои други „совети“ ги слушале жените во минатото?

ne-odi-na-plivanje-dodeka-imash-menstruacija-bidejki-kje-nastinesh-smeshni-soveti-koi-im-bile-davani-na-zhenite-vo-1950-tite-vo-sad-a-nekoi-sigurno-postoele-i-kaj-nas-001.jpg

Во 1950-тите во САД, животот станал многу полесен за повеќето жени. Но сепак, за луѓето околу нив, односно за постарите, ништо не се променило.

Па, тие продолжиле со своите смешни и несоодветни совети, а некои сигурно биле популарни и кај нас.

Од тоа што не им е било дозволено да пливаат додека имаат менструација, до тоа дека вечерата секогаш треба да биде на масата кога нивните сопрузи ќе пристигнат дома после работа - жените навистина слушале смешни и бизарни совети во минатото.

Погледнете дел од нив во продолжение и размислете дали можеби ги имате слушнато и во Македонија:

Секогаш бидете убаво облечени и нашминкани за вашиот сопруг

По цел ден на работа, мажот требало да се врати дома кај жена која е убаво облечена и нашминкана и која не изгледа уморно.

На жените им се препорачувало да одвојат околу 20-30 минути за да стават шминка и да ја средат фризурата за да се осигураат дека изгледаат свежо по враќањето на нивните сопрузи дома.

Не одете на пливање кога имате менструација

И покрај тоа што во САД имало големи напредоци за сите права на жените во последниве години, во 1950-тите менструацијата не се дискутирала надвор од домот.

Така, имало и некои чудни заблуди за тоа што жената може, а што не може да прави кога има менструација.

На пример, некои луѓе верувале дека една жена не смее да оди на пливање додека има менструација, особено во првите два или три дена. Зошто? Па, можеби ќе настине!

ne-odi-na-plivanje-dodeka-imash-menstruacija-bidejki-kje-nastinesh-smeshni-soveti-koi-im-bile-davani-na-zhenite-vo-1950-tite-vo-sad-a-nekoi-sigurno-postoele-i-kaj-nas-02.png

Не му зборувајте на мажот веднаш кога тој ќе се врати дома и не правете врева

По долгиот работен ден, последното нешто со кое вашиот сопруг сака да се справува е врева.

Затоа, жените во 1950-тите биле советувани да бидат што е можно потивки навечер.

Ова значело - завршување со миењето садови и чистењето со правосмукалка во текот на денот и осигурување деца децата се веќе во кревет кога мажот се враќа од работа.

Вашето дете не смее да прави проблеми - ако прави, тоа е ваша вина

Какво ќе биде вашето дете се одредува во првите пет години од животот, бидејќи нели, сите знаеме дека децата не се раѓаат лоши.

Ако тие се лоши и прават проблеми, тоа е „затоа што не сте успеале како мајка“, а мажот овде немал никаква улога.

Затоа, мајките во 1950-тите биле советувани да даваат сè од себе за добро да ги воспитаат децата, а притоа да не бараат помош од сопрузите.

ne-odi-na-plivanje-dodeka-imash-menstruacija-bidejki-kje-nastinesh-smeshni-soveti-koi-im-bile-davani-na-zhenite-vo-1950-tite-vo-sad-a-nekoi-sigurno-postoele-i-kaj-nas-03.png

Вечерта треба да биде негова - немојте да се жалите за вашите маки

Најдовте сопруг - честитки! Сега, треба да го промените вашиот начин на размислување за да се осигурате дека никогаш нема да го изгубите.

Еден начин на кој на жените им било кажано да го прават тоа во 1950-тите било: Вечерта да биде период само за него.

По долг ден на работа, тој не сака да се занимава со поплаки, само сака да се опушти.

На жените им било кажано да го задржат своето мислење за себе и да не ги бомбардираат своите сопрузи со „непотребни“ муабети.

Направете вечера пред сопругот да се врати од работа

Друг начин да се осигурате дека вашиот сопруг ужива во вечерта е да му подготвите јадење.

Особено било важно да се планира однапред и да се подготви вечера во која мажот ужива, а ако не е добра, ќе треба да ја направите одново.

Ова е начин да му дадете до знаење на сопругот дека сте размислувале за него и дека сте загрижени за неговите потреби.

ne-odi-na-plivanje-dodeka-imash-menstruacija-bidejki-kje-nastinesh-smeshni-soveti-koi-im-bile-davani-na-zhenite-vo-1950-tite-vo-sad-a-nekoi-sigurno-postoele-i-kaj-nas-04.png

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg