Како да се заштитите од кражби во празничната сезона, според поранешен крадец?

Избегнувајте да се фалите онлајн со скапите новогодишни подароци, но и со патувањата во празничната сезона, бидејќи ова ве прави лесна мета за крадците.

kako-da-se-zashtitite-od-krazhbi-vo-praznichnata-sezona-spored-poraneshen-kradec-01.jpg

Мајкл Фрејсер од Англија бил крадец, но решил да стави крај на лошото поглавје од неговиот живот, па сега работи како експерт за обезбедување.

Кога станува збор за кражби, веројатно нема поискусни личности од оние кои самите учествувале во вакви злодела, па сигурно вреди да ги слушнеме нивните совети.

Бидејќи празничната сезона е период кога во нашите домови има подароци, од кои дел можат да бидат навистина скапи, крадците се навистина активни.

Покрај тоа, овде се и празничните патувања, а сите знаеме дека празните домови се многу полесна мета.

Поради ова, за Daily Mail Мајкл споделува неколку совети за безбедност.

Како да се заштитите од кражби во празничната сезона?

Бидете внимателни со честитките и картичките

Иако можеби не се со ист интензитет како порано, околу Нова година многу луѓе испраќаат честитки. Истовремено, овој период се зголемува и бројот на онлајн нарачки.

Мајкл истакнува дека на честитките пратени по пошта, како и онлајн нарачките, секогаш има ваши лични податоци – име, презиме и адреса.

А, крадците можат да ги искористат овие податоци за кражба на идентитет.

Покрај тоа, ако станува збор за скап предмет што сте го купиле онлајн, крадците лесно можат да утврдат каде се наоѓа ако ја фрлите кутијата со вашата адреса на неа.

Затоа, Мајкл советува секогаш да ги искинете пликоата и амбалажите и никогаш да не ги фрлате ако на нив стојат овие податоци.

kako-da-se-zashtitite-od-krazhbi-vo-praznichnata-sezona-spored-poraneshen-kradec-02.jpg

Не ги откривајте плановите за патување

Не е препорачливо да се фалите онлајн ако одите на патување, бидејќи со ова им кажувате на крадците дека вашиот дом ќе биде празен.

Мајкл советува и да не оставате куфери на видни места ако живеете во куќа или на прв кат, бидејќи за крадците и ова е знак дека наскоро домот ќе биде празен.

kako-da-se-zashtitite-od-krazhbi-vo-praznichnata-sezona-spored-poraneshen-kradec-03.jpg

Не ја ставајте елката пред прозорецот

Ако оставате подароци под елката, а елката стои пред прозорец, крадците многу лесно ќе ги видат.

Покрај тоа, Мајкл вели дека самите сијалички можат да бидат показател дали некој е дома или не. Односно, ако се исклучени подолг период, тоа е јасен знак дека домот е празен.

Па, најдобро ставете ја елката на место кое не се гледа однадвор.

kako-da-se-zashtitite-od-krazhbi-vo-praznichnata-sezona-spored-poraneshen-kradec-04.jpg

Ако купувате подароци, спакувајте ги веднаш

Ако крадците не се сигурни дека подароците се вредни предмети, помала е веројатноста да се осмелат да влезат во вашиот дом.

Па, штом ќе ги купите, веднаш завиткајте ги во украсна хартија, особено ако станува збор за скапи предмети.

kako-da-se-zashtitite-od-krazhbi-vo-praznichnata-sezona-spored-poraneshen-kradec-05.jpg

Немојте да се фалите онлајн за скапите подароци

Сосема е нормално да сакате да се пофалите за новогодишните подароци на социјалните мрежи, но избегнувајте да го правите ова бидејќи ќе ги привлечете крадците.

kako-da-se-zashtitite-od-krazhbi-vo-praznichnata-sezona-spored-poraneshen-kradec-06.jpg

Паркирајте го автомобилот во гаража

Ако планирате да одите некаде за празничната сезона, задолжително паркирајте го автомобилот во гаражата доколку имате.

Ако немате гаража, Мајкл советува да го паркирате паралелно, помеѓу два автомобила.

На овој начин ќе им го отежните маневрирањето на крадците, па помала е веројатноста вашиот автомобил да биде нивна мета.

И, секако, избегнувајте да оставате подароци или што било вредно во автомобилот.

kako-da-se-zashtitite-od-krazhbi-vo-praznichnata-sezona-spored-poraneshen-kradec-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg