Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 работи кои ни е здодевно да ги правиме, но незгодно ни е да кажеме

Гледање на долги и здодевни видеа од децата на пријателите. Одење во диско – турканица e, сите ве газат, дишете 100 луѓе во една просторија, пијалаците ви ги разредуваат со вода на шанк, а цените се вртоглаво високи. 

10-raboti-koi-ni-e-zdodevno-da-gi-pravime-no-nezgodno-ni-e-da-kazheme-br-3-gledanje-videa-od-deca-na-prijateli-01.jpg

На Reddit отворена е интересна тема: „Што се преправате пред луѓето дека ви се допаѓа?“

Луѓето даваат навистина искрени одговори, а во дел од нив сигурно и вие ќе се пронајдете.

Работи кои ни е здодевно да ги правиме, но незгодно ни е да кажеме:

Средба на пијалак со пријателите во локал каде музиката е прегласна и едвај ги водите разговорите, едноставно се „надвикувате“.

Одење на забави за откривање на пол и глумење возбуда при откривањето на полот, кога навистина ви е сеедно дали вашите пријатели ќе добијат ќеркичка или синче.

Одење во диско – турканица e, сите ве газат, дишете 100 луѓе во една просторија, пијалаците ви ги разредуваат со вода на шанк, а цените се вртоглаво високи.

Колегите кои прават премногу драма, односно повеќе драматизираат од што работат.

10-raboti-koi-ni-e-zdodevno-da-gi-pravime-no-nezgodno-ni-e-da-kazheme-br-3-gledanje-videa-od-deca-na-prijateli-03.jpg

Преправањето дека ви се допаѓа некој, кога сакате да се вклопите и не сакате да повредите некого, но всушност не ја поднесувате таа личност и нејзиниот карактер.

Гледање на доооолги и здодевни видеа од децата на пријателите.

Пеење на песната „Happy Birthday“ – на сите им е непријатно кога ја пеат, а и вам ви е непријатно кога ви ја пеат.

Луѓе што гледаат реални шоуа – како може некој да си го троши времето од животот гледајќи луѓе кои прават глупости на телевизија за пари?

10-raboti-koi-ni-e-zdodevno-da-gi-pravime-no-nezgodno-ni-e-da-kazheme-br-3-gledanje-videa-od-deca-na-prijateli-02.jpg

Луѓе кои се опседнати со Инстаграм и наместо да си го живеат животот, трошат часови и часови во едитирање на фотографии за да прикажат лажна реалност и да си го нахранат егото со лајкови.

Осудување на луѓе кои немаат планови за викенд – сосема ми е во ред кога некој сака само да се излежува и одмора, секој знае што е најдобро за него.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
8 работи по кои сите „лудувавме“ пред 10 години (а веќе ги заборавивме) Сите околу нас имаа селфи стик, девојките си фарбаа прамени во розова боја, попу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg