Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Масовно самоубиство, жигосување на препоните – 5 бизарни култови од кои ќе ве полазат морници

Сите знаеме за култот на Чарлс Менсон, но тој не се ни споредува со свиреопста на лидерите на култовите како Heaven's Gate или The Family.

masovno-samoubistvo-maltretiranje-deca-5-bizarni-kultovi-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-01.jpg

Сектите и религиските култови постоеле отсекогаш. Додека некои имаат само чудни верувања и несекојдневен начин на живеење, постојат и оние кои се како од хорор-филм.

Голем дел од лидерите на ваквите култови тврдат дека се избрани од Бог и ја злоупотребуваат верата на луѓето за да можат да ги контролираат.

Најпрво тие им нудат некаква помош и им се претставуваат како пријатели, но дури луѓето да сфатат во што се вплеткле, веќе е предоцна.

Во продолжение пет култови од кои ќе ве полазат морници:

NXIVM

Во 1998 година, Американецот Кит Рејнир формирал организација за самопомош која ја нарекол NXIVM (нексиум). Тој тврдел дека нуди работилници и предавања со кои ќе им помогне на членовите да си ја вратат самодовербата.

До 2017 година, организацијата имала над 18.000 членови од целата Северна Америка, но тогаш некои од нив почнале да откриваат што точно се случувало зад затворени врати.

Наводно, жените биле лажени дека стануваат дел од некакво сестринство, не знаејќи дека всушност стануваат дел од секс-култ.

Во култот постоела хиерархија – оние кои биле најгоре се нарекувале „господари“, а оние со најнизок статус биле „робови“.

Според поранешна членка, „господарите“ ѝ наредиле да им испрати голи фотографии од неа, како и други лични, компромитирачки документи доколку сака да стане дел од организацијата. Потоа, пак, ѝ се заканувале дека ќе ги објават фотографиите и документите доколку зборува за организацијата.

Истовремено, на жените им правеле жиг со вжештено железо во областа на препоните. Жигот биле иницијалите на основачот Кит Рејнир.

Во 2020 година основачот се најде пред суд и над десет жени сведочеа за психолошкото и сексуалното малтретирање што го трпеле. Кит бил осуден за трговија со луѓе, па дури и детска порнографија, а на крај добил доживотна казна затвор.

masovno-samoubistvo-maltretiranje-deca-5-bizarni-kultovi-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-02.jpg

Church of the Lamb of God (Црква на божјото јагне)

Оваа секта била основана од Ервил ЛеБарон во Мексико.

Ервил ги убедил неговите следбеници дека комуницира со Бог и дека тој му дава инструкции што да прави.

Тврдел дека Бог му рекол дека има дозвола да ги убива грешници со цел да ги исчисти од нивните гревови.

Основачот имал 51 дете со 13 различни сопруги, а во текот на 20-тина години успеал да собере стотици следбеници.

По негова наредба, следбениците убиле над 20 луѓе.

Мексиканските власти успеале да го уапсат Ервил во 1979 година, по што го предале на американското ФБИ.

Покрај другите убиства, во САД тој бил осуден и за убиство на лидер на друга секта, по што добил животна казна затвор.

Ервил починал во 1981 година во затворот.

masovno-samoubistvo-maltretiranje-deca-5-bizarni-kultovi-od-koi-kje-ve-polazat-mornici-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg