Масовно самоубиство, жигосување на препоните – 5 бизарни култови од кои ќе ве полазат морници
Heaven's Gate (Рајска порта)
Овој култ бил основан во 1970-тите во САД, од страна на Маршал Еплвајт и Бони Нетлс.
Основачите ги убедиле следбениците дека тие можат да се претворат во бесмртни вонземни суштества ако се откажат од нивната човечка природа.
Следбениците верувале дека на овој начин ќе се искачат над човештвото и, на некој начин, ќе дојдат до „рајот“.
Во 1985 година, Бони починала, но Маршал продолжил да го води култот до уште поголеми екстреми.
Во 1997 година, тој почнал да им кажува на следбениците дека наскоро на Земјата ќе дојде вселенското летало кое треба да ги однесе во рајот.
Со ова, тој убедил 38 луѓе да извршат самоубиство.
Syanon
За многумина, ова е можеби најопасниот култ кој се појавил во Америка. Најчудно е што започнал како програма за рехабилитација од дрога.
Култот бил основан од Чарлс Дедерих во 1958 година.
Првично целта на организацијата била да им помогне на зависниците да се ослободат од порокот со сеанси во кои тие ја кажувале само вистината.
На овие сеанси се користел контроверзен метод, каде што „психијатарот“ го напаѓа и понижува „пациентот“. Во групна терапија, „пациентите“ се напаѓаат и едни со други.
Веројатно ви е јасно зошто овој метод сигурно не би функционирал.
Оние кои сакале да се лекуваат, живееле во изолирана заедница и биле присилени да се откажат од наркотиците инстантно – нешто може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Набрзо организацијата еволуирала во црква, а основачот станувал сè пожелен за моќ и пари.
Почнал да им наплаќа огромни суми на луѓето кои само барале помош, а и ги присилувал на тешка физичка работа во заедницата.
Тој имал и листа на луѓе кои планирал да ги убие бидејќи сакале да го разоткријат.
Во 1991 година, основачот бил фатен поради затајување на данок, прикривање докази и тероризам.
The Family (Семејството)
Ова е најпознатиот култ кој потекнува од Австралија, а бил основан од Ен Хамилтон-Бирн.
Ен била јога-инструкторка која верувала дека е реинкарнација на Исус Христос.
Во 1960-тите, во соработка со парапсихологот Рејнор Џонсон, таа формирала заедница која прво ја нарекла The Great White Brotherhood (Големото бело братство).
Во наредните години, Ен посвоила 28 деца, и тоа на најбизарните начини. Нејзините следбеници буквално ѝ ги подарувале своите деца, а Ен успевала да ги убеди и оние кои се двоумеле.
Ен тврдела дека на овој начин помага во создавањето на супериорна раса која ќе ја преживее апокалипсата.
Уште побизарно е што Ен тврдела дека е биолошка мајка на сите 28 деца, а дека другите членови на култот се нивните „тетки“ и „чичковци“.
Ен им кажувала на децата дека таа е Исус Христос, а кога биле непослушни, ги тепала, ги изгладнувала и им давала ЛСД.
Култот бил скриен од јавноста со години, бидејќи секојпат кога доаѓале посетители однадвор, Ен ги терала децата да се кријат.
Дури во 1987 година властите успеале да ги спасат децата.
Но, Ен не одговарала за нејзините злодела и починала во 2019 година од деменција.
Спирова С. | Црнобело