12 работи по кои ќе ги познаете вистински богатите луѓе (кои молчат за богатството)

Тие трошат пари ако тоа им штеди време. Времето им е повредно од парите. Секогаш носат наједноставна облека, не се китат со логоа, но во моментот кога ќе ги запознаете сфаќате дека се богати, без да ви кажат/покажат.

10-raboti-po-koi-kje-gi-poznaete-vistinski-bogatite-lugje-koi-molchat-za-bogatstvoto-01.jpg

Постојат луѓе кои сакаат да се фалат со парите и да кажуваат и покажуваат дека се богати и постојат навистина богати луѓе кои живеат едноставно и не сакаат секој да знае колку многу пари всушност имаат.

Луѓе на Reddit споделуваат по што се познаваат многу богатите луѓе:

Мојот поранешен шеф велеше „Или имаш пари или зборуваш за нив“.

Немање навика за чување и трупање на работи, туку заменување со нови и држење до минималистички декор.

На прашањето „Дали сте богати?“, ќе ви одговорат со „Комфорно ми е“.

10-raboti-po-koi-kje-gi-poznaete-vistinski-bogatite-lugje-koi-molchat-za-bogatstvoto-04.jpg

Секогаш носат наједноставна облека, не се китат со логоа и од накит имаат само часовник или само тенко ѓерданче - ако се жени, но во моментот кога ќе ги запознаете сфаќате дека се богати, без да ви покажат.

Тие трошат пари ако тоа им штеди време. Времето им е повредно од парите.

Чевли, носат навистина квалитетни чевли и секогаш им се чисти.

10-raboti-po-koi-kje-gi-poznaete-vistinski-bogatite-lugje-koi-molchat-za-bogatstvoto-03.jpg

Патуваат многу, но не се фалат каде биле или ќе одат.

Немаат потреба сите да знаат дека се богати.

Никогаш не се жалат дека нешто е прескапо, но се жалат за квалитетот на истото.

10-raboti-po-koi-kje-gi-poznaete-vistinski-bogatite-lugje-koi-molchat-za-bogatstvoto-02.jpg

Јадат здрава храна секогаш, квалитетот им е приоритет и не штедат на тоа.

Не се фалат со парите, едноставно не сакаат да привлечат луѓе кои се со нив само поради тоа.

Во аголот од дневната соба дискретно имаат грандиозно пијано, иако никој не свири на него или друго вредно парче.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg