7 работи за кои никогаш не треба да се шегувате (ако сакате да изгледате како културна личност)

Шеги на чувствителни теми, шеги за нечија религија и претерување со сарказмот – кои се работите за кои не треба да се шегувате ако сакате да изгледате отмено и да не ги навредите соговорниците?

7-raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-se-sheguvate-ako-sakate-da-izgledate-otmeno-spored-ekspert-za-bon-ton-01povekje.jpg

Добрата смисла за хумор може да направи да изгледаме позабавно и попривлечно во очите на другите, но сè додека не преминеме одредени граници.

Кога станува збор за луѓе што ни се блиски, без проблем можеме да си кажуваме дури и навредливи шеги. Но, кога сакаме да оставиме добар впечаток, мораме да бидеме внимателни.

Ана Беј од Англија е експерт за бон-тон и неодамна сподели кои се работите за кои ниту една дама не треба да се шегува ако сака да изгледа отмено и елегантно.

Работи за кои не треба да се шегуваме, според неа:

Чувствителни теми

Ана вели дека е особено лошо да се шегувате за тема која е чувствителна за соговорникот.

„Да речеме дека се шегувате за нечиј изглед. Некој има голем нос и вие се шегувате за тоа. Можеби личноста се чувствува несигурно во врска со својот нос. Мoжеби целиот живот ја задевале за тоа, а сега вие се шегувате“.

Ана истакнува дека секогаш треба дa бидете особено внимателни за чувствителните теми и да ги избегнувате за шегување.

„Постои златно правило – ако личноста не може да промени нешто за пет секунди, не се шегувајте за тоа“.

Вашите негативни мислења

Според Ана, не треба да ги споделувате вашите негативни мислења и критики преку шега.

„На пример, замислете дека не ви се допаѓа како се облекувам. Па, ќе ја кажете критиката како шега: ’Ана, мислам дека облеката на баба ми ќе ти стои многу добро‘.

Најверојатно јас погрешно ќе ја сфатам шегата, нема да ми биде смешна“.

7-raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-se-sheguvate-ako-sakate-da-izgledate-otmeno-spored-ekspert-za-bon-ton-03.jpg

Претерување со сарказмот

Ана советува да го избегнувате сарказмот бидејќи постои ризик да бидете сфатени погрешно.

„Ако соговорникот не сфати дека сте саркастични, може дa ви пропадне целата шега. Може да мисли дека сте сериозни и ќе помисли дека сте ужасна личност“.

Сепак, доколку забележите дека соговорникот има смисла за хумор и верувате дека ќе го разбере сарказмот, можете да го користите, но не да претерате.

„Кога претерувате со сарказмот, делувате грубо. Само затоа што се шегувате, не значи дека можете да кажете што било. Сарказмот може да биде сфатен како ваше лично мислење, без разлика што се шегувате. Па, не претерувајте“.

Вулгарни шеги

Веројатно ова е веќе очигледно – нема да изгледате воопшто отмено ако кажувате вулгарни шеги.

„Секако дека секогаш можете да си кажете безобразна шега со блиските, но ова е во ред бидејќи сте во вашиот интимен круг на луѓе на кои можете да им верувате“.

Ана истакнува дека додека вулгарните шеги им се смешни на некои луѓе, поверојатно е да ве сфатат погрешно, по што сигурно ќе следи непријатна тишина.

Таа вели и дека голема е веројатноста да навредите некој со вакви шеги, па избегнувајте ги по секоја цена.

Лошо кажана шега

Некогаш е многу поважно како ќе ја кажете шегата, отколку колку е смешна нејзината содржина.

„Луѓето кои се лоши во кажувањето шеги обично брзаат. Не треба да брзате. Треба да комуницирате со слушателите и да ги натерате да посакаат да слушнат што се случува следно. Кажувајте ја шегата со паузи бидејќи ова додава неизвесност“.

Ана советува и да пробате да не се смеете додека ја кажувате шегата.

7-raboti-za-koi-nikogash-ne-treba-da-se-sheguvate-ako-sakate-da-izgledate-otmeno-spored-ekspert-za-bon-ton-02.jpg

Претерување со шеги на своја сметка

Во ред е да се шегувате на своја сметка – со ова покажувате дека сте свесни за вашите недостатоци, како и дека не дозволувате да влијаат врз вашата самодоверба. Но, не треба да претерате.

„Кога се шегувате за себе, можеби исмејувате карактеристика што им е добро позната на сите, а можеби исмејувате и некоја гласина за вас.

Треба да бидете внимателни во овој случај за да не се деградирате. Исто така, не треба да се шегувате за работи кои ве прават несигурни“.

Нечија држава, култура или религија

Многу комичари знаат да напраат одлични шеги инспирирани од разни стереотипи, но вие не сте комичар.

„Поради ова, јас никогаш не би се шегувала за нечија култура, земја или религија, особено не за стереотипите“.

Некои луѓе ги сакаат овие шеги, но секогаш постои можност да го навредите соговорникот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg