Живејте минималистички и уште 14 трикови што ќе ви помогнат да заштедите некој денар повеќе
„Живејте минималистички – нема да страдате ако ги купувате само работите што навистина ви требаат“.
Во период кога трошоците за живот постојано се зголемуваат, сите бараме начин да заштедиме некој денар повеќе.
Ако ви се чини невозможно да заштедите што било, добро би било да обрнете внимание на некои секојдневни навики кои со текот на времето сепак имаат големо влијание врз вашите трошоци.
Доколку не сте во можност секој месец да тргате поголема сума пари на страна, секогаш можете да направите некои промени со кои барем малку ќе ги намалите трошоците и ќе можете и да заштедите нешто.
Во продолжение неколку трикови и совети што ќе ви помогнат во ова:
„Не сум пушач, но штедам на тој начин. Односно, секој понеделник тргам настрана толку пари колку што би потрошил во текот на неделата за цигари. Ако луѓето кои имаат пониска плата од мене можат да одвојат пари за цигари, тогаш јас можам да одвојам пари за заштеда“.
„Пијам само вода. Соковите и сличните пијалаци, посебно во рестораните, можат да бидат голем трошок“.
„Секогаш јадам пред да одам во маркет по намирници“.
„Немојте да купувате нешто што не би го купиле само затоа што е на попуст“.
„Не ги купувајте најевтините работи. Обично оние со средна цена се најдобри. Премногу евтините работи ќе ви траат многу кратко, па наскоро повторно ќе треба да купите нови“.
„Научете да готвите! Четири или пет вкусни рецепти можат да ви направат огромна разлика“.
„Пробувајте да купувате предмети што можете да ги користите повеќепати – ова е добро и за вашиот паричник, и за околината. Шише за вода што ќе си го дополнувате, кујнски крпи наместо хартиени бришачи и слично. Со текот на времето ќе заштедите на овие мали трошоци“.
„Редовно проверувајте си ја сметката во банка – и самите ќе забележите колку лесно одат пари на кафе, грицки и непотребни работи. Одредете си буџет и држете се до него“.
„Купувајте работи на старо! Можеби 80% од работите што ги купувам се на старо и со ова заштедив многу пари низ годините“.
„Не подигајте кредит освен ако не е навистина неопходно“,
„Живејте како да сте сиромашна личност – ништо нема да ви помогне повеќе да заштедите. Јадете дома ако пријателите ве викаат во скап ресторан и слично. Ако некој ве праша зошто не јадете/пиете/излегувате, кажете дека немате пари“.
„Научете да готвите тестенини, ориз, грав, супи… што било што е евтино, а може да нахрани цело семејство. Ќе заштедите многу пари и ќе се храните здраво“.
„Живејте минималистички – нема да страдате ако ги купувате само работите што навистина ви требаат“.
„Сами правете си ручек за на работа. Намирниците за ручеци за цела недела ќе ве чинат речиси исто како 1-2 оброци во ресторан“.
„Престанете постојано да купувате нездрави грицки“.
Спирова С. | Црнобело