8 видови на среќа проткаени низ емоции – колку од нив сте искусиле?

Среќата е чувство кон кое сите ние секојдневно се стремиме. За волја на вистината, истата е невозможно да се измери, а уште помалку да се дефинира. Она што претставува задоволство за една личност, веројатно не соодвестува со желбите на останатите луѓе.

8-vidovi-na-srekja-protkaeni-niz-emocii-kolku-od-niv-ste-iskusile 01 630x330.jpg

Постојат толку многу различни видови на среќа и извори на позитивните чувства. Од краткотрајна и површинска, до длабока и духовно долготрајна. Од нас зависи.

Бројни студии докажале дека различните видови на позитивни емоции резултираат во различни придобивки за нашето здравје. 

Во продолжение ги наведуваме 8-те видови на среќа кои еден човек може да ги искуси:

Гордост

Гордоста е краткотраен вид на среќа којашто може да биде насочена кон себе или пак кон нашето опкружување.

Дали некогаш сте се чувствувале среќни затоа што сте постигнале нешто за кое навистина сте се труделе, или пак сте сочувствувале за успехот и среќата на некоја ваша блиска личност?! Оваа позитивна емоција поинаку е наречена „гордост“.

Таа претставува несебичен вид на среќа, особено доколку во преден план е успехот на другите. Гордоста може да варира со длабочината, во зависност од достигнувањето и работата што е потребна за да се стигне до посакуваниот резултат.

Родителот може да биде горд на своето дете за тоа што помогнал во домашните работи. Тогаш станува збор за краткотрајна среќа. 

Но, гордоста на родителите може да трае и малку подолго, доколку нивното дете ги добие оценките за кои заедно работеле напорно. Во овој случај среќата е значително подлабока.

Возбуда

Возбудата е вид на среќа што се поврзува со нетрпението, бидејќи се очекува нешто. На пример, дете пред новогодишното утро.

Среќата што ја чувствува е насочена кон блиската иднина. Тоа знае дека ќе добие подароци, па затоа неговата среќа е предвремена.

Возбудата, исто така често предизвикува да се грижите или да се чувствувате нерешително. Нетрпеливоста честопати ја придружува возбудата затоа што возбудливиот момент лежи во иднината.

Исто така, возбудата може да биде краткотрајна, на пример при гледање интересен филм со неочекуван пресврт, или пак валоризирање на вашето мислење од страна на вашиот шеф.

Оваа возбуда е енергичен и ентузијастички вид на среќа.

8-vidovi-na-srekja-protkaeni-niz-emocii-kolku-od-niv-ste-iskusile 02 630x380.jpg

Радост

Радоста е многу едноставена, моментална среќа којашто сите ние можеме да ја разбереме и воедно една од омилените видови на позитивни емоции. 

Чувствувате радост кога гледате или правите нешто што ви се допаѓа. Тоа е чувство на топло задоволство и сатисфакција.

Можеме да ја препознаеме во секојдневните, мали нешта, како што се моментите со нашите сакани или едноставно, хобито во кое уживате. 

Постои и пасивна, невидлива радост, како што е набљудувањето на убавината во природата.

Хумор

Еден од најлесно-постигливите типови на среќа е токму хуморот. Смеењето е лек за душата и значително го зголемува нашето расположение. 

Дури и кога се чувствуваме разочарано и тажно, хуморот има моќ барем за момент да ни ги одврати негативните мисли и да ни ја наполни батеријата.

Смешните филмови, разговори, фотографии или шеги умеат да влијаат на нашето расположение, колку и да сметаме дека тоа во моментот е невозможно.

8-vidovi-na-srekja-protkaeni-niz-emocii-kolku-od-niv-ste-iskusile 03 630x380.jpg

Оптимизам

Кога верувате дека добрите работи ќе си дојдат на своето, тогаш чувствувате еден оптимистички вид на среќа.

Можеби таа не е премногу демонстративна, но, врз основа на тоа како изгледало вашето минато, чувствувате надеж дека овојпат работите се движат во нагорна линија.

Вашата среќа ја доведуваат „светлите“ мисли и надежта за блескава иднина. Оптимизмот е вид на среќа што се потпира на верувањето дека позитивноста ќе ја надмине секоја негатива што доаѓа.

Благодарност

Благодарноста, за разлика од оптимизмот, е основана од моментот на случување.

Таа претставува благороден вид на среќа. Кога сте благодарни за работите што ви се дадени во животот, од материјални добра до луѓето кои ве опкружуваат, ќе се чувствувате неспорно среќни.

Благодарноста исто така може да биде почувствувана при споредба со другите, оттука прераснуваат и други позитивни вредности како што се: емпатичноста и хуманоста.

8-vidovi-na-srekja-protkaeni-niz-emocii-kolku-od-niv-ste-iskusile 04 630x380.jpg

Љубов

Среќата во форма на љубов се смета за една од најдлабоките видови на среќа. Љубовта доаѓа во многу форми и секако, не ги вклучува единствено романтичните интереси.

Семејната и пријателската љубов, понекогаш се повеќе од доволни. Љубовта како форма на среќа е преточена во доза на сигурност, односно потпора како за позитивните, така и за негативните животни прилики. 

Кога се чувствуваме сакани, се чувствуваме и вредни. Кога знаете дека сте сакани, вие ја ширите љубовта многу подалеку и за неа не постојат граници.

Исполнување

Кога ќе ги постигнеме нашите животни цели, имаме чувство на исполнетост, чувство што навистина не може да се опише. Овој вид на среќа е длабока, може да биде дури и духовна - достигнувајќи експанзија на позитивни доживувања.

Со достигнувањето на вашата вистинска животна цел, среќата станува стандардна состојба. Внатрешни конфликти и чувството на копнеж речиси исчезнуваат, и полека доаѓа вашата вистинска смиреност. 

Повеќе не барате промени, станувате благодарни за она што го имате и горди на постигнатото. Исполнувањето, всушност целокупно ги опфаќа сите подвидови на среќа. 

Кога сте исполнети, вие поседувате цела низа на позитивни емоции, што никој не може да ви ги одземе. 

8-vidovi-na-srekja-protkaeni-niz-emocii-kolku-od-niv-ste-iskusile 05 630x380.jpg

Покрај 8-те горенаведени класификации, сите ќе се согласиме со фактот дека универзална среќа, сепак не постои и токму во тоа е убавината на животот.

Секогаш кога нешто позитивно ве поткренува, било да е површно, краткотрајно или можеби вечно, не испуштајте го од своите раце.

Искористете го секој миг, бидејќи самите ние сме „господари“ на нашата среќа.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg