Немојте онлајн да се фалите со скапи работи и уште 7 совети за заштита на домот од крадци
Ако се фалите со скапите работи што ги имате во домот, самите се ставате на мета на крадците.
Домот е местото каде што треба да се чувствуваме најсигурно и најбезбедно, но, за жал, некогаш домовите се мета на крадци.
Дури и ако крадците во домот не украдат ништо вредно, самото искуство може да биде многу потресно, па дури и да ве натера да се плашите да останувате сами дома.
Покрај алармите и безбедносните камери, постојат и други трикови кои можат да ви помогнат да го направите вашиот дом помалку привлечен за крадци.
Осум вакви трикови во продолжение:
Вложете во цврста врата на влезот од домот
Не двоумете се дали да дадете повеќе пари за врата со издржлива брава.
Отворањето заклучени врати секако дека не е лесно како на филмовите, но крадците знаат многу трикови, па подобро заштитете се.
Не оставајте клучеви на видливи места во домот
Без разлика дали станува збор за клуч од домот, автомобилот, мотоциклот, викендичката или што било друго, избегнувајте да го оставате на видливо место.
Не е препорачливо ни да ги чувате клучевите во близина на влезната врата. Бидејќи, на овој начин, доволно е некој само да ја подотвори вратата и да го украде клучот.
Ставете мат фолија на прозорците
Ако живеете на приземје, добро би било да ставите фолија на прозорците за да го скриете домот од љубопитните погледи.
Ако крадецот може да ѕирне во вашиот дом, ќе може и да види дали има нешто што му се допаѓа, па поверојатно е да се обиде да влезе.
Кријте ги вредните предмети на неочекувано место
Најпрво, не е препорачливо да чувате голема сума пари дома.
Ако сепак имате многу пари дома, немојте сите да ги чувате на исто место. Ова важи и за вредни предмети, како накит.
Исто така, избегнувајте ги скришните места што им се добро познати на сите крадци, како под душекот. Бидете креативни и најдете необично место за криење во домот.
Ако живеете во куќа, засадете грмушки пред прозорците
Со овој трик ќе го заштитите домот од погледи, но можете и да им ја отежните работата на крадците.
Обично крадците целат кон домови од кои знаат дека можат да излезат лесно и без многу врева. Ако пред прозорците има густи грмушки, ќе им го отежните влегувањето и излегувањето преку нив.
Немојте премногу да се фалите онлајн
Ако се фалите со скапите работи што ги имате во домот, самите се ставате на мета на крадците.
Поставете ламба со сензор на движење
Ако пред влезната врата имате ламба која се активира со сензор на движење, многу поверојатно е крадецот да се премисли ако сака да влезе во вашиот дом.
Сепак, светлото ќе го направи видлив за секого и најверојатно нема да сака да ризикува.
Оставете облека на терасата ако не сте дома неколку денови
Облеката што се суши е знак дека во домот има некој. Всушност, овој трик може да биде многу поефикасен отколку да оставате вклучени светилки во домот.
Спирова С. | Црнобело