Прегрнати скелети од пред 2.800 години и уште 4 археолошки пронајдоци што ја покажуваат моќта на љубовта

Љубовта е движечка сила во овој свет. Преку литературата и филмската уметност ни се претставени едни од најголемите љубовни приказни. И ние тежнееме за нешто такво исконско. Но за да можеме да поверуваме дека можеме да го добиеме, мораме да откриеме што љубовта навистина значи. Целото тоа жртвување, храброст, ризик. А тоа се учи најдобро од историјата. Што археологијата има откриено како доказ за вечни и исконски љубовни приказни?

Najgolemite-dokazi-za-ljubov-shto-Arheologijata-gi-otkrila-02.jpg

Археологијата е полна со љубов и романса и кај археолозите, и кај артефактите што тие ги откриваат.

Тоа е толку стара приказна колку и самата човечка раса што алудира на тоа дека љубовта и романтиката се природен дел од она што значи да се биде човек.

5 археолошки пронајдоци што ја покажуваат моќта на љубовта:

Бакнежот стар 2.800 години

Љубовниците Хасанлу се пар скелети стари 2.800 години ископани од локација во северен Иран во 1970-тите.

Археолозите ги толкуваат како пар кој бегал од својот дом од пожар што се случил околу 800 година п.н.е., но не биле доволно брзи да избегаат од пламенот и затоа паднале длабоко во дупка.

Скелетите изгледаат како да лежат еден до друг во прегратка, додека едниот гледа во другиот и се бакнуваат, непосредно пред се преселат во вечноста.

Najgolemite-dokazi-za-ljubov-shto-Arheologijata-gi-otkrila-03.jpg

Италијанска љубов

Имаме можеби едни од најстарите документирани љубовници кои се прегрнуваат и ги допираат лицата нос до нос.

Ова се Љубовниците на Валдаро, околу 6.000 години стар гроб на еден пар млади кои се чини дека не можат да го тргнат погледот еден од друг дури и во смртта!

Скелетите беа ископани од италијанска неолитска гробница во 2007 година.

Najgolemite-dokazi-za-ljubov-shto-Arheologijata-gi-otkrila-04.jpg

Љубовта на двајцата другари

Прилично е вообичаено археолозите да откриваат коски на луѓе, а уште повеќе да има повеќе од еден скелет во гробното место.

Ретко е кога имаме само двајца љубовници, а уште поретко кога станува збор за двајца машки љубовници (или другари) во тесна прегратка во моментот на погребот.

Ова е случај со Љубовниците од Модена, кои беа откриени во Италија во 2009 година на поголем воен гроб од 600 година од нашата ера.

Постојат докази за смрт предизвикана од тапа сила на задниот дел од главите, но нивните скелети сепак биле внимателно поставени за да се зачува нивното партнерство и во смртта.

Najgolemite-dokazi-za-ljubov-shto-Arheologijata-gi-otkrila-05.jpg

Љубов на керамика

Многу керамички парчиња често прикажуваат романтични сцени од љубов и романса помеѓу две лица.

Ова откритие подолу е ископано во Лондон и е дел од збирката наоди на Музејот на Лондон од почетокот на 19 век.

Ова керамичко парче е изработено од порцелан и потекнува од имот на добро ситуирана личност, а на него се прикажани модели на дама и маж.

Najgolemite-dokazi-za-ljubov-shto-Arheologijata-gi-otkrila-06.jpg

Срцето на витезот

Симболот на срцето се наоѓа во некои од најстарите цивилизации. Отсекогаш бил поврзуван со идеите за љубов и романса меѓу две лица.

Особено во средновековните времиња, даровите биле обликувани во срце, како подарок меѓу оние што се сакале.

На некои имало љубовни песни или тајна размена на зборови што само примачот требало да ги види.

Дури и во смртта, срцата се важен симбол за да се покаже поврзаноста со љубовта.

Предметот подолу е ископан во средновековен манастир во Рен, Франција. Внатре е ставено срцето на Тусен Периен, витез од Брефејлак.

Кој и да го погребал, очигледно многу го сакал и сакал да го зачува органот поврзан со чисти чувства на љубов и грижа.

Najgolemite-dokazi-za-ljubov-shto-Arheologijata-gi-otkrila-07.jpg

Археологијата можеби е целата полна со земја и кал, но може да биде и романтична и полна со љубов, посебно во артефактите што се откриени и кај археолозите што ги откопуваат.

Ова беше само дел од историјата за да се покаже дека љубовта и романтиката се прастари концепти во човечките партнерства меѓу љубовниците и браковите.

Кирил А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg