Видео од аутопсија на вонземјанин, фотографии од самовили – најголемите измами на кои „наседнала“ јавноста

Сигурно сте слушнале за легендарното чудовиште Неси кое наводно живее во шкотското езеро Лох Нес. Но, знаете ли како настанала најпознатата фотографија од него која е всушност лажна?

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-01.jpg

Благодарение на интернетот, лажните вести се шират побрзо од кога било. Но, од друга страна, интернетот ни дава и можност веднаш да ја провериме веродостојноста на некоја информација.

Во минатото, пред компјутерите да станат дел од сечиј дом, нештата биле многу поразлични.

Луѓето лесно верувале во што било, особено кога лажните приказни биле придружени и со фотографии или видеа.

Денес сите знаеме дека лесно може да се направи манипулација на видео или фотографија, но кога камерите биле релативно нови, луѓето не се ни сомневале на веродостојноста на овие „докази“.

Во продолжение пет лажни приказни на кои „наседнал“ голем дел од јавноста: 

Први фотографии од самовили

Во 1917 година, во англиското гратче Котингли, братучетките Елси Рајт и Франсис Грифитс направиле неколку фотографии на кои се гледаат самовили.

Да истакнеме дека во овој период немало софтвери за уредување фотографии и не треба да нè чуди тоа што сите поверувале дека на фотографиите има вистински самовили.

Верувањето на луѓето се зацврстило благодарение на Артур Конан Дојл – авторот на книгите за Шерлок Холмс.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-02.jpg

Артур отсекогаш верувал во натприродни феномени и кога првпат ги видел фотографиите, за него биле доволен доказ дека постојат самовили.

Во 1920 година, тој дури напишал и колумна за весникот The Strand приложувајќи ги фотографиите на девојчињата како доказ.

Некои луѓе биле убедени дека станува збор за измама, но поголемиот дел од јавноста не се сомневала во веродостојноста на фотографиите.

Со текот на времето, јавноста заборавила за девојките, но одвреме-навреме луѓето се присетувале на фотографиите.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-03.jpg

Дури во 1966 година, новинар од весникот Daily Express ја нашол Елси Рајт и ја прашал за фотографиите. Таа му кажала дека верувала дека ги фотографирала нејзините мисли, па фотографиите повторно се прославиле.

Во 1980-тите, Елси и Франсис конечно признале дека фотографиите се лажни. Двете девојки ги исекле самовилите од сликовница и се фотографирале со исечоците.

Денес фотографиите се наоѓаат во National Science and Media Museum во Бредфорд, Англија.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-04.jpg

Аутопсија на вонземјанин

Ова е релативно нова измама, но сепак е од период кога голем дел од јавноста не била свесна дека постојат и лажни видеа и фотографии.

Веројатно сте слушнале за „инцидентот со НЛО“ од 1947 година. Луѓето кои веруваат дека Земјата била посетувана од вонземјани, тврдат дека во 1947-ма, во Рузвелт, Њу Мексико, се срушило НЛО, но американските власти го прикриле случајот.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-05.jpg

Во 1995 година беше објавено видео од страна на Англичанецот Реј Сантили. Реј тврдеше дека на видеото се гледа аутопсија на вонземјанин чие тело било најдено во Рузвелт.

Според него, видеото било направено во далечната 1947 кога се срушило леталото.

Реј тврдеше дека ја добил снимката од камерманот кој ја направил, а сакал да остане анонимен.

Ова видео беше доволно да го разгори интересот на јавноста за оваа тема и многумина беа убедени дека видеото е вистинско.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-06.jpg

Во 2006 година Реј призна дека видеото сепак е лажно, но тврдеше дека го снимил според оригиналното видео кое го изгледал во 1992 година.

Нормално, нема никаков доказ дека постои вакви снимка, ниту дека во Рузвелт се срушило НЛО, па денес ретко кој верува во приказната на Реј.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-07.jpg

Уште три измами на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg