Видео од аутопсија на вонземјанин, фотографии од самовили – најголемите измами на кои „наседнала“ јавноста

Мумифицирана сирена

Според тврдењата на американскиот морепловец Семјуел Барет Едс, во 1822 година тој купил „труп од сирена“ од јапонски морепловци.

Истата година, „сирената“ била изложена во Лондон и луѓето навистина верувале дека станува збор за митското суштество.

Во 1984 година тој го однел трупот во Њујорк и му го покажал на бизнисменот П. Т. Барнум.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-08.jpg

Бизнисменот веднаш се посомневал во автентичноста на трупот, па најмил експерт за да го провери.

Нормално, експертот му кажал дека станува збор за лага, но Барнум занел дека трупот ќе привлече внимание, па ја продолжил лагата. Тој го изнајмувал трупот и го крстил „сирената од Фиџи“, тврдејќи дека бил пронајден околу Фиџи.

Извесен период „сирената“ била изложена во музејот на Барнум, а била уништена кога истиот го зафатил пожар.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-09.jpgРеплика од трупот на „сирената“

Денес е познато дека „сирената“ всушност биле торзо и глава на мајмун, зашиени за опашка од риба.

Не е познато кој го направил ова монструзно дело, но некои експерти веруваат дека навистина потекнува од Јапонија бидејќи тој период многу јапонски морнари правеле вакви трупови како шега.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-10.jpgРеплика од трупот на „сирената“

Најпопуларната фотографија од чудовиштето од Лох Нес

Сите сме слушнале за Неси – митското чудовиште кое наводно живее во шкотското езеро Лох Нес.

Веднаш да нагласиме дека бројни нуркачки екипи го имаат пребарано езерото и досега никој не нашол никакви докази за постоењето на Неси.

Една од најпопуларните фотографии за која јавноста веруваше дека го докажува постоењето на суштеството е направена во 1934 година.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-11.jpg

Фотографијата е дело на гинекологот Роберт Кенет Вилсон, а најинтересно е што тој никогаш не тврдел дека на неа се гледа Неси. Имено, Роберт само изјавил дека „фотографирал нешто во водата“.

Во 1990-тите беше официјално потврдено дека фотографијата сепак е лажна. Според експертите, Роберт го додал „чудовиштето“ врз негативот, па ја развил фотографијата.

Некои веруваат и дека можеби станува збор за дамка на негативот која не е намерно направена од Роберт.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-13.jpg

Џинот од Кардиф

Пронаоѓањето на Џинот од Кардиф е една од најголемите археолошки измами од американската историја.

Во 1869 година, додека копале бунар, неколку работници нашле тело на „скаменет маж“ високо три метри, во областа Кардиф во американската сојузна држава Њујорк.

Џинот бил пронајден на фармата на Вилијам Њувел и тој почнал да раскажува дека тоа е всушност скаменето тело на вистински џин кој некогаш бил жив.

Првиот ден по откритието, луѓето можеле да доаѓаат и да го видат џинот бесплатно. Но, веќе вториот ден околу џинот бил подигнат шатор и луѓето морале да платат ако сакале да го видат.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-14.jpg

Нормално, интересот на јавноста бил огромен, па Њувел заработил многу пари.

Кога џинот го виделе неколку експерти, измамата на Њувел почнала да излегува на виделина. Само два-три месеца подоцна, и самиот Њувел признал дека лажел.

Имено, скаменетиот џин бил статуа направена по нарачка од маж по име Џорџ Хул. Тој бил атеист и се расправал со свештеник во врска со цитат од библијата во кој пишува дека некогаш на земјата постоеле џинови.

Сакајќи да му докаже дека е лесно да се излаже јавноста, Хул решил да го направи џинот.

Потоа се договорил со Њуман и го закопал на неговиот имот, цела година пред да биде откриен и, на некој начин, си ја докажал поентата.

video-od-autopsija-na-vonzemjanin-fotografii-od-samovili-najgolemite-izmami-na-koi-nasednala-javnosta-15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg