Маска за коса, маслиново масло – 8 работи на кои Италијанките не штедат пари
Италијанките сакаат да носат многу накит, па не се двоумат дали да потрошат пари за некое ново впечатливо парче.
Бидејќи важат за едни од најубавите жени во светот, сите можеме да научиме по нешто од Италијанките.
Тие го негуваат природниот изглед и водат повеќе сметка за грижата за телото и здравјето, наместо да се потпираат на шминка и непрактични фризури.
Поради ова, Италијанките се подготвени да дадат повеќе пари за одредени работи кои ќе им помогнат да ја истакнат природната убавина.
За кои работи станува збор?
Накит
Италијанките сакаат да носат многу накит, па не се двоумат дали да потрошат пари за некое ново парче.
Тие сакаат да комбинираат неколку парчиња накит во една комбинација и ги обожаваат впечатливите обетки, прстени и нараквици.
Маслиново масло
Маслиновото масло го има во секој италијански дом, и тоа не само во кујната.
Маслиновото масло се користи и како продукт за убавина со векови, а Италијанките многу добро ја знаат неговата моќ.
Маслиновото масло е одлично за косата и ја потхранува, а може да ви помогне да се справите и со многу сувата кожа како на стапалата и лактите.
Хидратантен крем
Италијанките не сакаат да претеруваат со продуктите за убавина, но малкуте што ги користат секогаш се квалитетни.
Тие сметаат дека е подобро да дадете повеќе пари за квалитетен хидратантен крем, наместо да купувате куп евтини продукти кои веројатно не ви ни требаат.
Кратки фустани
Кратките фустани се најдобриот избор за топлите денови, а се комбинираат многу лесно.
Поради ова, Италијанките сакаат да дадат и повеќе пари за квалитетен фустан.
Очила за сонце
Очилата за сонце се како заштитен знак за Италијанките, па сакаат да имаат квалитетен и тренди модел.
За нив е подобро да имаат еден поскап модел кој е квалитетен и се комбинира со сè, отколку повеќе евтини очила.
Маска за коса
Бујната коса е уште еден заштитен знак на Италијанките, а тие водат многу добра грижа за неа.
Квалитетната маска може да биде многу поважна од шампонот, бидејќи ја потхранува косата и ја подобрува нејзината состојба.
Па, тие сакаат да дадат пари за поквалитетен продукт.
Темно чоколадо
Италијанките ретко се ограничуваат кога станува збор за храна, но секогаш пробуваат да бидат умерени.
Поради ова, многу од нив преферираат да јадат темно чоколадо и сакаат да се почастат со поскап продукт.
Покрај тоа, од темното чоколадо има бројни здравствени придобивки, а Италијанките многу добро го знаат ова.
Впечатливи парчиња облека и додатоци
Италијанките сметаат дека впечатливите додатоци и облека не се само за посебни настани и сакаат да ги вметнуваат во секојдневните комбинации.
Овие парчиња и додатоци можат да ја освежат и најмонотоната комбинација.
Спирова С. | Црнобело