8 трикови како да си купите сè што ви е потребно (а паричникот да не ви доживее суша)

Сите сакаме да мислиме дека сме одговорни со парите и можеме да се контролираме. Но, скоро сите сме купиле нешто импулсивно, без многу размислување.

nemojte-slepo-da-sledite-trendovi-i-ushte-7-soveti-za-pametno-kupuvanje-so-koi-kje-zashtedite-01.jpg

Ако сакате да заштедите или само да ги намалите трошоците, тогаш мора да имате поголема контрола, но и да купувате паметно.

Во продолжение неколку трикови кои ќе ви помогнат да купувате паметно:

Не им верувајте на огледалата во соблекувалните

Неретко светлото во соблекувалната може да направи да изгледате многу полошо отколку што навистина изгледате.

Притоа, имајте на ум дека просторот во соблекувалната е тесен, па се гледате многу одблизу и може да ви се чини дека некое парче облека не ви стои воопшто добро.

Бидејќи во овој миг сигурно ќе се почувствувате разочарано, поверојатно е да купите повеќе други работи и да потрошите повеќе пари за да се утешите.

Доколку во соблекувалната има големо огледало, надвор од кабините, најдобро огледајте се таму.

Или, ако продавницата дозволува замена за број, купете ја облеката и пробајте ја дома.

nemojte-slepo-da-sledite-trendovi-i-ushte-7-soveti-za-pametno-kupuvanje-so-koi-kje-zashtedite-02.jpg

Избегнувајте пијалаци со средна големина

Обично нема многу голема разлика во чашите со средна и мала големина, но сепак средните се поскапи.

Нема да забележите некоја разлика ако наместо средна, купите мала чаша, а сепак ќе платите пониска сума.

nemojte-slepo-da-sledite-trendovi-i-ushte-7-soveti-za-pametno-kupuvanje-so-koi-kje-zashtedite-03.jpg

Нема потреба да ставате многу паста на четката

Актерите во рекламите за пасти за заби секогаш ставаат многу паста на четката.

Но, ова не е препорака за тоа колку паста треба да ставите, туку е повеќе од естетски причини.

Сосема доволно е да ставете паста колку зрно грашок. На овој начин пастата ќе ви трае многу подолго. 

nemojte-slepo-da-sledite-trendovi-i-ushte-7-soveti-za-pametno-kupuvanje-so-koi-kje-zashtedite-04.jpg

Не „паѓајте“ на попусти

Само затоа што нешто е на попуст, не значи дека морате да го купите.

Не заборавајте дека дури и кога купувате на попуст, не заштедувате, туку трошите пари.

Па, ако сакате да го контролирате трошењето, нема потреба да купувате нешто што не ви е неопходно, дури и ако е на попуст.

nemojte-slepo-da-sledite-trendovi-i-ushte-7-soveti-za-pametno-kupuvanje-so-koi-kje-zashtedite-05.jpg

Немојте слепо да следите трендови

Трендовите се минливи и повеќето се хит само месец-два.

Ако купувате облека само според светските трендови, ќе треба да купувате нови парчиња секој месец, а со тоа и да потрошите многу пари.

nemojte-slepo-da-sledite-trendovi-i-ushte-7-soveti-za-pametno-kupuvanje-so-koi-kje-zashtedite-06.jpg

Не купувајте нешто само затоа што е последно

Некогаш во продавниците истакнуваат кога некој продукт е последен.

Но, слично како попустот, ова не значи дека токму вие треба да го купите ако не ви е потребен.

Дури и ако навистина продуктот е последен, кога ќе ви притреба, во друга продавница сигурно ќе најдете нешто слично.

nemojte-slepo-da-sledite-trendovi-i-ushte-7-soveti-za-pametno-kupuvanje-so-koi-kje-zashtedite-07.jpg

Не купувајте нешто само затоа што е во ограничени количини

Во многу продавници има продукти кои се во ограничени количини.

Поради ексклузивноста, овие продукти можат да бидат и поскапи.

Но, ако не ви се потребни, зошто да трошите пари за нив?

nemojte-slepo-da-sledite-trendovi-i-ushte-7-soveti-za-pametno-kupuvanje-so-koi-kje-zashtedite-08.jpg

Бидете свесни за влијанието на мирисите

Некогаш е тешко да одолеете на примамливата арома од некоја пекара и одвреме-навреме е сосем во ред да си купите нешто.

Но не дозволувајте сетилото за мирис да ве контролира постојано, особено ако пробувате да ги намалите трошоците.

Сите сакаме да мислиме дека сме одговорни со парите и можеме да се контролираме. Но, скоро сите сме-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg