„Сè започна со едно глувче“: Како Волт Дизни ја направи најголемата империја во филмската индустрија?

Кога детството ти го отсликуваат дизниевите приказни, не можеш, а да не се запрашаш која е приказната на основачот Волт Дизни, што е она што го прави Дизни огромен бренд - царство за сите возрасти - и што се крие позади целата индустрија.

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-diznilend-01.jpg

Волт Дизни, основачот на еден од најпознатите брендови во светот, е роден во далечната 1901 година во Чикаго.

Тој никогаш не се експонирал во јавност, па многу малку се знае за неговиот приватен живот.

На свои 18 години, Дизни заминува во Калифорнија каде со неговиот брат одлучуваат да позајмат пари за да креираат студио во гаражата на нивниот вујко.

Овде Дизни го создава својот прв анимиран лик - зајакот Освалд - и почнува да ги прави црно-белите цртани кои направија бум во тогашната филмска индустрија.

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-09.jpg

Мики Маус – некогаш и денес

Во 1928 година, Дизни го направи Plane Crazy - првиот цртан филм со Мики Маус кој е главно олицетворение на брендот. Филмот прво бил нем, но следната година е издадена верзија со звук.

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-06.jpg

Повторно во 1928 година, Дизни го издаде и Steamboat Willie - првиот цртан филм со звук во кој повторно се појавува Мики Маус.

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-10.jpg

Во наредните неколку години, многу други ликови му се придружија на Мики Маус и се формираше таканаречената „дружина“ со Мини Маус, Доналд Дак (Пајо паторот) и Гуфи (Шиљо) - ликови кои се препознатливи и денес. 

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-02.jpg

Приказната за „Снежана и седумте џуџиња”

Дизни верувал дека иднината е во долгометражните филмови, па во 1937 година го направил првиот долгометражен цртан филм во боја -  „Снежана и седумте џуџиња“.

Буџетот на филмот бил неверојати 1,5 милиони долари, што е огромна сума за тој период.

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-04.jpg

По успехот со „Снежана“, Дизни ги претстави Пинокио и Фанатазија во 1940 година, а во периодот 1941-1942 оживејаа и ликовите на слончето Дамбо и срничката Бамби.

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-07.jpg

Како растеше брендот Дизни?

За Дизни работат илјадници талентирани уметници и аниматори кои ги оживуваат нашите омилени ликови. 

Како што Дизни забележувал дека компанијата расте, почнал да се фокусира и на други области - следуваа продукциски компании и компании за дистрибуција на филмовите.

Во 1964 година беше објавен и „Мери Попинс“ - игран филм со цртани елементи - и дополнително ја зголеми популарноста на брендот. 

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-08.jpg

Се создаде една цела машинерија која не застана тука, па Дизни реши да направи нацрт-план за дотогаш невиден тематски парк.

Првиот парк Дизниленд ги отвори своите врати за посетителите во 1955 година во Калифорнија.  

На почетокот брендот имал спонзорства за паркот, со што ги намалил трошоците, а во исто време храната и продажбата во паркот биле дадени на надворешни компании.

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-05.jpg

Со растот на приходите и големата експанзија, се отвори и вториот парк во Флорида во 1960 година, а Дизни ги откупи сите можни права. За европскиот пазар радоста дојде со отворањето на Дизниленд во Париз во 1992 година.

Волт Дизни почина во 1966 година и беше прогласен за еден од највлијателните луѓе на 20-тиот век.

Od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-diznilend-05.jpg

Помалку познати факти за Волт Дизни

Во неговите приказни никогаш го нема ликот на мајката... Тоа има многу несреќна позадина која според некои сведоштва се должи на фактот дека неговата мајка настрадала во пожар во куќата која тој ја купил за неговото семејство.

Волт Дизни бил страсен пушач, со по три кутии дневно цигари, што во јавноста се припишува како причина за неговата прерана смрт од рак на белите дробови.

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-11.jpg

За време на неговиот живот, Дизни бил заинтересиран за достигнувања во областа на криогениката и вечниот живот.

Сè на сè, она што секогаш ќе ни остане е детскиот дух кој го носиме во нас и се буди секогаш кога ќе пуштиме дело од Дизни.

Ќе завршам со добропознатата изјава на Дизни - „Се надевам дека никогаш нема да заборавиме една работа, а тоа е дека започнавме со глувче”.

od-crno-bel-crtan-so-zajakot-osvald-do-imperijata-dizni-03.jpg

М.У.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg