Дозвола за брак со разведена личност и уште 9 (застарени) кралски правила што ги промени кралицата Елизабета

До 2002 година, членовите на кралското семејство не смееја да стапуваат во брак со разведена личност. Но, кралицата Елизабета го промени ова правило, а токму затоа принцот Хари можеше да се венча со Меган Маркл која зад себе има еден неуспешен брак.

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-01.jpg

Кралицата Елизабета е можеби најпрогресивниот монарх кој седел на тронот во Англија.

Во 70-годишното владеење, Елизабета направи огромни промени и го доближи кралското семејство до јавноста.

Односно, ако некогаш сите церемонии и детали од животот на кралското семејство биле чувани во тајност, Елизабета се потруди да ги направи колку-толку достапни за јавноста.

Елизабета отстрани некои премногу застарени правила и ја модернизираше британската монархија, па не e ни чудно што Британците ја возвишуваа.

Кои промени ги направи кралицата Елизабета за време на нејзиното владеење?

Фотографот Реј Белисарио беше познат како „првиот британски папарацо“ и е првиот фотограф кој успеа да направи неофицијални и неформални фотографии од кралското семејство.

Тој почнал да го следи семејството во 1950-тите и наводно тие го мразеле.

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-02.jpg

Но, денес папараците се неизбежен дел од секој кралски настан, а членовите на кралското семејство со задоволство им позираат. 

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-03.jpg

Англиската црква забрануваше брак со разведена личност.

Поради ова, кралот Едвард VIII направи вистински скандал кога се откажа од тронот за да може да се венча во Волис Симпсон која беше разведена.

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-04.jpg

Но, од 2002 година ова правило не важи, па токму затоа принцот Хари можеше да се венча со Меган Маркл која зад себе има еден брак.

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-05.jpg

Свадбата на кралицата Елизабета и принцот Филип во 1947 година беше пренесувана на радио и јавноста можеше да види само фотографии од настанот.

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-06.jpg

Од друга страна, денес кралските венчавки се настан што го следат милиони луѓе од целиот свет.

На пример, свадбата на принцот Хари и Меган Маркл ја пренесуваа стотици телевизии од целиот свет, но и бројни медиуми кои објавуваа фотографии во живо.

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-07.jpg

Порано сите жени од кралското семејство, вклучувајќи ја и Елизабета, се породуваа во палатата. 

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-08.jpg

По раѓањето на принцот Вилијам, многу жени од кралското семејство одлучија да се породуваат во болница.

Покрај тоа, тие не само што се породуваат во болница, туку и позираат за папараците кога си одат кон палатата.

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-09.jpg

Раѓањето на децата од кралското семејство било најавувано со огласна табла пред Бакингемската палата.

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-10.jpg

Денес овие вести се споделуваат на официјалните профили на социјалните мрежи на кралското семејство.

dozvola-za-brak-so-razvedena-lichnost-i-ushte-9-zastareni-kralski-pravila-shto-gi-promeni-kralicata-elizabeta-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg