10 бизарни причини зошто жените биле прогласувани за вештерки во минатото
Во периодот 1450-1750, во Европа и колонијална Америка биле погубени помеѓу 35.000 и 50.000 лица, најмногу жени, за кои луѓето верувале дека вештерки. Како доаѓале до овој заклучок?
Иако постојат записи кои покажуваат дека уште во првите цивилизации луѓето ги погубувале оние за кои верувале дека практикуваат „црни магии“, ловот на вештерки е најизразен во периодот од 13-ти до 18-ти век, најмногу во Европа и колонијална Америка.
Таканареченото „ловење на вештерки“ значи барање луѓе (најчесто жени) кои општеството ги обележало како вештерки, како и барање знаци дека некоја личност е вештерка.
Овој лов на вештерки станал ултра популарен во Европа и колонијална Америка и се практикувал од 1450-тите до 1750-тите години. Се проценува дека ова резултирало со 35.000 до 50.000 егзекуции во Америка и Европа.
А, додека траел овој лов, практично ниту една жена не била безбедна.
Оние кои биле осомничени неретко биле измачувани, па сакајќи болката да престане, викале дека се вештерки. Штом, пак, ќе „признаеле“ дека се вештерки, биле убивани.
Доволно било само една личност да впери прст во некоја жена, па сите да се свртат кон неа и „експертите“ да утврдат дека навистина е вештерка.
Не треба да објаснуваме дека сите овие жени (и мал број мажи) кои биле погубени дефинитивно не биле вештерки, туку само се нашле на погрешно место во погрешно време.
За да сфатите колку лесно и вам би ве прогласиле за вештерка, составивме листа од „сигнали“ за кои „експертите“ биле убедени дека се знак дека некоја жена е вештерка.
За што сè жените биле прогласувани за вештерки?
Биле жени
Добро познат факт е дека низ историјата жената била потчинета, а кај многумина преовладувало мислењето дека жените не можат да бидат интелигентни колку мажите и мораат да зависат од нив.
Па, ако некоја жена се чинела попаметна, ако била независна или ако била малку поразлична од очекувањата на општеството, неретко била прогласувана за вештерка.
Исто така, се верувало дека жените се посклони кон практикување „црни магии“, па самото ова ги правело главни осомничени.
Изгледале како вештерки
Постојат многу записи што го опишуваат изгледот на вештерките. Па, ако некоја жена се совпаѓала со овие описи, за општеството била вештерка.
Дел од карактеристиките на „вештерките“ биле голем, крив нос, подгрбавеност, голема бенка на лицето...
Имале над 40 години
Кај многумина постоело верување дека вештерките се стари жени.
Па, секоја жена над 40 години била сомнителна за општеството.
Немале деца
Луѓето верувале дека малите деца им се разболуваат поради вештерките – тие биле љубоморни што немаат деца па затоа сакале да ги убијат нивните.
Поради ова, жените кои не можеле да имаат деца биле многу сомнителни дека се вештерки.
Биле пријателки со жени кои биле прогласени за вештерки
Ако некоја ваша пријателка била прогласена за вештерка, кога-тогаш и вам би ве снашло истото.
Бидејќи, штом се дружите со вештерка, веројатно и вие сте една од нив.