Нов тренд на ТикТок за кој велат дека ќе ви помогне да заспиете полесно: Што е „кафеав шум“?
Таканаречениот кафеав шум е звук сличен на силен дожд, а корисниците на ТикТок велат дека е „револуционерен“ и „го менува животот“.
Корисниците на ТикТок неодамна го открија таканаречениот „кафеав шум“, а некои прогласија дека е „револуционерен“ и „го менува животот“.
Кафеавиот шум, попознатиот бел шум, па дури и розовиот шум се примери за звучни нијанси.
Шум е всушност постојан и неопределен звук со минимални варијации, како звукот од дожд, звукот од фен за коса или звукот од телевизорот кога нема програма.
@rnbw.infinity.nikki Is this how most people’s brains feel all the time??! #quiet #brownnoise #autisticadult #asd #stimming ♬ Brown noise - Pure Brown Noise - Power of Noise
Белиот шум е звук што ги содржи сите фреквенции од звучниот спектар кои ние можеме да ги слушнеме (помеѓу 20 и 20.000 херци), а кои имаат ист интензитет измерен во децибели.
Ова е звук сличен на оној од фен за коса или звукот што го слушаме кога на телевизорот нема програма.
Розовиот шум е звук кој е комбинација од фреквенциите на звучниот спектар, но е подлабок од белиот шум. Ова е рамномерен звук, сличен на послаб дожд или морски бранови.
Она што го разликува кафеавиот шум од другите е тоа што е подлабок. Овој шум може да помогне да го смирите умот и да се фокусирате појасно на некоја задача или на спиењето.
Го споредуваат со обилен дожд или туш со добар притисок.
Низ ТикТок има многу видеа од луѓе кои споделуваат дека овој шум навистина им помогнал.
Еве неколку од нивните коментари:
„Се чувствувам како конечно да можам да спијам“.
„Мојата главоболка поминува и ми е смирувачко“.
„Мојот мозок никогаш не почувствувал таков мир толку долго“.
@alliecheyswrld Not a single thought going on up in there #brownnoise #internaldialogue #peace #quiet #nothoughts #fyp ♬ Brown noise - Pure Brown Noise - Power of Noise
Зошто бучавата им помага на некои луѓе да спијат?
Некои луѓе се почувствителни на надворешни дразби од другите. Тоа вклучува човечки допир (како што се прегратките), силни мириси, кофеин, силни светла или бучава.
Така, едно лице може да смета дека звукот е смирувачки или релаксирачки, додека на друго му го одвлекува вниманието.
И покрај научните разлики помеѓу обоените звуци, придобивките од секој од нив се слични. Луѓето можат да слушаат каков било звук за да доживеат смирувачки и пријатен ефект.
M. Г. | Црнобело