Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вирално видео: Девојка има фобија од Мајкл Џексон – со солзи во очите гледа изведувач што го глуми пејачот

Руби Мериот e 18-годишна девојка од Англија која стана позната откако нејзината сестра Мејси сподели видео на социјалните мрежи, во кое јасно се гледа дека Руби навистина се плаши од Мајкл Џексон. Дали ова е најчудната фобија за која сте слушнале досега?

viralno-video-devojka-ima-fobija-od-majkl-djekson-so-solzi-vo-ochite-gleda-izveduvach-shto-go-glumi-pejachot-01.jpg

Руби е студентка од Англија која вели дека фобијата од Мајкл Џексон ѝ започнала кога имала пет години. Сестра ѝ и братучед ѝ ѝ покажувале морничави монтирани видеа од Мајкл Џексон што луѓето ги правеле и споделувале теории на заговор дека е жив, како и негови фотографии во позадината на фотографиите и во прозорците на луѓето.

Нејзината фобија започнала да се влошува кога отишла на семеен одмор во Лос Анџелес и останале во една куќа што ја изнајмиле за три недели. Имало врата со околу осум катанци на неа и еден член од нејзиното семејство на шега рекол „Што ако Мајкл Џексон се крие таму?“.

devojka-se-plashi-od-majkl-dzekson-dali-e-ova-najchudnata-fobija-za-koja-ste-slushnale-01.png

Така таа како девојче, секоја вечер за време на трите седмици одмор имала кошмар како Мајкл Џексон влегува во нејзината соба. 

Видео од неа поврзано со оваа фобија стана вирално на Твитер и ТикТок, а доби милиони прегледи поради интересниот момент кога Руби и семејството посетуваат бар каде што момче облечено како Мајкл Џексон пее неколку негови хитови, а Руби не сака да го погледне.

Погледнете го видеото:

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg