Трикови како да ја одредите точната големина на облеката, без да ја пробувате во продавница
Трик: Можете да проверите дали ногавиците на фармерките се со точна должина за вас ако ги споредите со должината на вашата рака.
Сите сакаме да купуваме нова облека, но некогаш помислата дека ќе треба да пробуваме во соблекувална нè одвраќа од намерата.
Ако оваа ситуација ви е позната, тогаш сигурно ќе ве интересира како да одредите дали некоја облека ви е точна без да ја пробате.
Всушност, постојат неколку трикови што можат да ви помогнат во ова.
Бидејќи нашето тело е колку-толку симетрично, можете да одредите дали некоја облека ви е точна ако ја споредите со дел од телото, како должина на рацете.
За повеќето луѓе овие трикови се ефикасни, но за секој случај пробајте ги прво дома со облека што знаете дека ви е точна.
Како да ја одберете точната големина без да ja пробувате облеката?
Половина
Ако купувате панталони или здолништа со висок струк, можете да го измерите струкот со вашата рака.
Закопчајте ги панталоните и стегнете ја раката во тупаница. Во делот кај половината треба да ви ја собере целата рака, како на фотографијата десно.
Ногавици на тесни фармерки
За да проверите дали ќе можете да ги протнете стапалото и ногата во ногавиците, искористете ја вашата рака.
Ако можете да ја протнете низ ногавицата, а притоа има и малку простор, фармерките би требало да ви бидат точни.
Број на чевли
Пробувањето чевли е многу полесно од пробувањето облека. Исто така, препорачливо е да ги пробате чевлите пред да ги купите бидејќи треба да ви бидат удобни.
Но, овој трик може да ви се најде во продавница за да не пробувате неколку различни броеви.
Должината на чевлите обично е иста колку растојанието од лактот до глуждот.
Чорапи
Едноставно, завиткајте го чорапот околу дланката како на фотографијата.
Ако можете да ги допрете краевите без да го растегнете, треба да ви биде точен.
Должина на ногавици
Користете го овој трк за фармерки со должина до глуждовите.
Фатете ги ногавиците на долниот дел со двете раце и раширете ги рацете.
Ако шевовите кои се точно меѓу нозете достигнуваат подолу од вашата брада, тогаш должината е во ред.