Трикови како да ја одредите точната големина на облеката, без да ја пробувате во продавница
Друг трик за должина на ногавици
И овој трик е за фармерки со должина до глуждовите.
Со едната рака фатете го долниот дел од ногавиците, а со другата делот кај што завршуваат, односно кај шевовите меѓу нозете.
Должината на ногавиците треба да биде од дланката до брадата.
Ширина на колкови
Фатете ги фармерките од двете страни кај делот на колковите и споредете ги со рамениците како на фотографијата подолу.
Ако ширината на фармерките е малку помала од онаа на рамениците, тогаш би требало да ви се точни.
Ширина на блузи
За да ја проверите ширина кај градите, фатете ја блузата од двете стани веднаш под ракавите.
Ставете ги двата краја под пазувите, како на фотографијата лево. Ако не треба да ја растегнувате блузата, тогаш ви е точна.
За да го измерите делот кај рамената, фатете ја блузата од двете страни на горниот дел кај што завршуваат ракавите и споредете со рамената како на фотографијата десно.
Ширина на струкот
Уште еден трик со кој можете да го измерите обемот на струкот на фармерките.
Фатете ги фармерките од двете страни на делот кај половината и завиткајте ги околу вратот како на фотографијата.
Ако двата краја се допираат без проблем, фармерките би требало да ви се точни.
Големина на чанта
Чантите немаат броеви, но треба да ја земете предвид големината на вашето тело за да го одберете вистинскиот модел за вас.
Долниот дел на чантата треба да биде долг колку растојанието од дланката до лактот.
Висината на чантата треба да биде колку растојанието од лактот до рамото.
Препорачливо е да не купувате чанти со поголеми димензии од овие.
Спирова С. | Црнобело