10 бон-тон грешки кои мора да ги избегнувате ако сакате да изгледате како отмена дама

Немојте да бидете неучтиви кон другите. Дури и ако некој зборува неучтиво со вас, немојте да се спуштате на негово ниво.

10-bon-ton-greshki-koi-mora-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-otmeno-i-elegantno-01.jpg

Ана Беј е инфлуенсерка која потекнува од Шведска, а живее во Лондон.

Таа е експерт за бон-тон и најпопуларна е по нејзините совети за елегантно и отмено однесување.

View this post on Instagram

A post shared by Anna Bey (@annabey)

Неодамна таа сподели 10 бон-тон грешки кои мора да ги избегнувате ако сакате да изгледате отмено и елегантно.

За кои грешки станува збор?

Немојте да се однесувате неучтиво кон друга личност

Ана вели дека неучтивоста никогаш нема да ве направи елегантни.

Таа нагласува дека дури и ако некој ви се обрати грубо и не покажува учтивост, вие не треба да се спуштите на негово ниво.

10-bon-ton-greshki-koi-mora-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-otmeno-i-elegantno-02.jpg

Не ја оттурнувајте чинијата откако ќе завршите со јадење

Кога сте во ресторан, немојте да ја оттурнувате чинијата од вас кога ќе завршите со јадење, туку оставете ја таму каде што стои.

Ако, пак, сте на гости и сакате да помогнете, прашајте го домаќинот дали му треба помош.

Но, немојте ни да претерувате со помагањето – ако домаќинот ја одбие вашата помош, останете на вашето место. Ако ја прифати, помогнете му со средувањето на масата, но немојте да му се плеткате во кујната, освен ако самиот не го побара тоа о вас.

10-bon-ton-greshki-koi-mora-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-otmeno-i-elegantno-03.jpg

Пробајте да не одите во тоалет додека трае оброкот во ресторан

Факт е дека не можеме да контролираме кога ни се оди во тоалет.

Но, Ана вели дека лесно можете да го почитувате ова правило ако отидете во тоалет кога ќе стигнете во ресторанот. 

Ако имате потреба и потоа, најдобро е, доколку можете, да отидете пред да го послужат десертот.

Исто така, немојте да најавувате каде ќе одите, туку само речете „Извинете ме“.

10-bon-ton-greshki-koi-mora-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-otmeno-i-elegantno-04.jpg

Не зборувајте гласно на телефон во јавен превоз

Гласното зборување не само што ќе ги разгневи другите патници, туку ќе оставите и впечаток на неучтива и некултурна личност.

Најдобро е воопшто да не разговарате на телефон кога сте во јавен превоз, но доколку морате, зборувајте тивко, без да ги вознемирувате другите.

10-bon-ton-greshki-koi-mora-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-otmeno-i-elegantno-05.jpg

Не „зјапајте“ во другите луѓе

Зјапањето не е воопшто учтиво или елегантно.

Со ова всушснот покажувате непочитување и правите другите да се чувствуваат непријатно.

Нормално е некоја личност да ви го привлече вниманието, но во овој случај погледнете ја само кратко.

10-bon-ton-greshki-koi-mora-da-gi-izbegnuvate-ako-sakate-da-izgledate-otmeno-i-elegantno-06.jpg

Уште пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg