Пегла за коса и уште 7 предмети за кои секогаш вреди да дадете повеќе пари

Кога купувате машина за перење облека, вреди да вложите во поквалитетен модел кој ќе ви трае подолго, но и ќе троши помалку струја.

pegla-za-kosa-i-ushte-7-predmeti-za-koi-sekogash-vredi-da-dadete-povekje-pari-01.jpg

Кога купувате нешто, нормално е да сакате да најдете подобра зделка.

Но кога станува збор за одредени предмети што ги користите често, некогаш е подобро да дадете повеќе пари за подобар квалитет.

Генерално, ова се предмети кои не би сакале да ви се расипат за краток период или да ви предизвикаат некаков проблем, па затоа и е попаметно да вложите повеќе во нив.

За кои предмети станува збор?

Пегла за коса

Поевтините пегли за коса се изработени од метал или стакло. Но, овие материјали не секогаш ја распоредуваат топлината рамномерно, па можете повеќе да ја изгорите косата.

Од друга страна, пеглите изработени од керамика или титаниум, кои обично се поскапи, не само што ја распоредуваат топлината рамномерно, туку и се загреваат побрзо.

И, секако, поквалитетната пегла ќе можете да ја користите неколку години.

pegla-za-kosa-i-ushte-7-predmeti-za-koi-sekogash-vredi-da-dadete-povekje-pari-02.jpg

Фарбање и фарба за коса

Без разлика дали се фарбате сами или во салон, препорачливо е да не штедите за овој третман.

Нормално, не треба да трошите богатство ако не можете, но не е препорачливо да ја барате најевтината опција.

Кога ќе купите поквалитетна фарба за коса, ќе бидете сигурни дека ќе ја добиете посакуваната боја.

Ако, пак, отидете кај поискусен фризер кој можеби наплаќа малку повеќе, ќе бидете сигурни дека нема да ви ја уништи фризурата.

pegla-za-kosa-i-ushte-7-predmeti-za-koi-sekogash-vredi-da-dadete-povekje-pari-03.jpg

Чадор

Ако сте како повеќето, веројатно досега имате купено и искршено десетици чадори.

Па, кога ќе ја соберете нивната сума, ќе сфатите дека досега ќе сте купеле квалитетен и издржлив чадор за истите пари.

Следниот пат кога ќе купувате чадор, одберете поквалитетен модел кој ќе ви трае барем неколку години.

pegla-za-kosa-i-ushte-7-predmeti-za-koi-sekogash-vredi-da-dadete-povekje-pari-04.jpg

Душек

Голем дел од денот минуваме во спиење, па важно е да имате квалитетен душек.

Душекот кој не ја нуди потребната потпора навечер може да биде причина за болки во грбот и разни други проблеми.

pegla-za-kosa-i-ushte-7-predmeti-za-koi-sekogash-vredi-da-dadete-povekje-pari-05.jpg

Стол за работа

Бидејќи минувате многу време на него, важно е да ја имате потребната потпора на грбот.

pegla-za-kosa-i-ushte-7-predmeti-za-koi-sekogash-vredi-da-dadete-povekje-pari-06.jpg

Машина за перење облека

Поквалитетната машина за перење облека ќе ви трае подолго, но и ќе троши помалку струја.

Исто така, има помал ризик да се расипе и да ви ја уништи облеката.

pegla-za-kosa-i-ushte-7-predmeti-za-koi-sekogash-vredi-da-dadete-povekje-pari-07.jpg

Брич

Многу евтините бричови обично се неупотребливи по 2-3 користења.

Малку поскапите, од друга страна, ќе можете да ги користите многу подолго.

pegla-za-kosa-i-ushte-7-predmeti-za-koi-sekogash-vredi-da-dadete-povekje-pari-08.jpg

Пудра за лице

Поквалитетните пудри за лице имаат подобра покривност, но и помали се шансите да ви создадат иритација.

Не значи дека најскапата пудра е и најдобрата, но немојте да штедите бидејќи сепак станува збор за вашето лице.

Всушност, ова важи и за сите шминки и продукти за нега, како кремови за лице.

pegla-za-kosa-i-ushte-7-predmeti-za-koi-sekogash-vredi-da-dadete-povekje-pari-09.jpg

 Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg