Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ја подигнал десната рака во 1973 година и оттогаш не ја симнал, но зошто?

Амар Бхарати е хиндус кој ја подигнал десната рака во 1973 година и оттогаш не ја симнал. Тој го гледа тоа како посветеност на Шива (индиски Бог) и претставување на неговата цел да донесе универзален мир.

ja-podignal-desnata-raka-vo-1973-godina-i-ottogash-ne-ja-simnal-no-zoshto-01.png

Бхарати практикува тешка самодисциплина и воздржување од сите форми на уживање, типично од религиозни причини. Тоа значи дека живее живот далеку од материјалните потреби, како и од какви било несвети активности, односно живее како монах. 

ja-podignal-desnata-raka-vo-1973-godina-i-ottogash-ne-ja-simnal-no-zoshto-05.png

Неговиот живот пред да ја крене раката

Во 1970-тите Бхарати работел во индиска банка, живеејќи скромен живот со сопругата и трите деца. Еден ден имал Богојавление што го натерало да избере да го напушти семејството, работата и пријателите за да го следи својот религиозен повик.

ja-podignal-desnata-raka-vo-1973-godina-i-ottogash-ne-ja-simnal-no-zoshto-02.png

Бхарати решил остатокот од својот живот да му го посвети на Шива, Бог од хиндуизмот.

Отпрвин, тој сè уште чувствувал искушение да прави работи што не биле дозволени како монах, затоа требало да направи нешто подрастично за вистински да ги зацврсти своите религиозни верувања, па така тој ја кренал раката.

ja-podignal-desnata-raka-vo-1973-godina-i-ottogash-ne-ja-simnal-no-zoshto-03.png

На почетокот, болката во неговата рака била страшна, но болката никогаш не ја надминувала неговата посветеност. По првите две години, тој почнал да губи секакво чувство во раката и со тоа и болката почнала да исчезнува. 

ja-podignal-desnata-raka-vo-1973-godina-i-ottogash-ne-ja-simnal-no-zoshto-04.png

За да го замислите огромниот напор што Бхарати го прави во изминатите 45 години, обидете се да ја држите раката крената неколку минути и најверојатно ќе почувствувате болка по 2 минути, но не претерувајте со овој експеримент.

M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg