14 бон-тон правила за во ресторан што многумина често ги забораваат
Немојте да користите чепкалка за заби на масата и бидете учтиви кога зборувате со келнерите.
Иако одењето во ресторан е поопуштено отколку во минатото, сепак би требало да следите некои бон-тон правила.
Со овој начин на однесување ќе оставите впечаток на учтива личност, а можете и да им ја олесните работата на вработените во ресторанот.
14 бон-тон правила за во ресторан кои не би требало да ги прекршите:
1. Не зафаќајте простор на масата со чантата, очилата, телефонот и слично.
2. Додека седите, потрудете се грбот да ви биде исправен (ова е добро и за држењето на вашето тело), а нозете треба да бидат пред вас и не треба да ги раширувате. Препорачливо е да не се потпирате на масата со лактите и допирајте ја масата само со зглобовите додека јадете.
3. Однесувајте се учтиво и културно со келнерите. Ако носат значка со нивното име или ако ви се претстават, добро би било да им се обраќате по име.
4. Ако ви треба келнер, немојте да викате или да мавтате со рацете. Наместо тоа почекајте да се сврти кон вас и кога ќе ве погледне во очи, со раката суптилно покажете да дојде.
5. Кога го разгледувате менито, или ставете го на масата или потпрете го на работ од масата.
6. Ако некој ви побара сол или бибер, подајте му го целиот сет.
7. Ако треба да подадете леб преку масата, прво понудете им на оние до вас, па потоа подајте го преку масата.
8. Немојте да го сечете лебот со нож, туку откинувајте мали залчиња и ставајте ги во уста со рака.
9. Додека јадете, пробајте да не ги валкате рабовите на чинијата. Со ова ќе покажете почит кон келнерот кој треба да ги фати чиниите за рабовите кога ќе ги собира од масата.
10. Кога ќе завршите со јадење, немојте да ги редите чиниите една врз друга, туку оставете ги пред вас и викнете го келнерот да ги собере. Ако ги ставате една врз друга, ќе го извалкате и долниот дел, па личноста што ги мие ќе има повеќе работа.
11. Не се присилувајте да ја изедете целата храна од чинијата – некогаш е подобро и да оставите малку.
12. Кога цедите лимон, користете ги двете раце – со едната стиснете го лимонот, а со другата направете преграда го за да не ги испрскате другите со сокот.
13. Немојте да користите чепкалка за заби на масата.
14. Додека сте на маса, во ред е да си ставите кармин. За средување на другата шминка, како пудра или маскара, одете во тоалетот.
Спирова С. | Црнобело