Не мешајте алкохол и апчиња за спиење, пијте само флаширана вода - што (НЕ) треба да правите во авион, според стјуардеса со 10-годишно искуство

Не претерувајте со алкохолот

Ниската влажност во авионот може да предизвика дехидратација, а притисокот во кабината има влијание врз нивото на кислород во крвта. Поради ова, ефектите на алкохолот можат да бидат многу поизразени кога сте во авион.

Екатерина вели дека неретко патниците сфаќаат дека претерале со пиење кога е веќе доцна.

„Претераното пиење алкохол е една од најчестите причини за инциденти во авионот, особено ако патниците пијат и лекови.

Сум сведочела на патници кои испиле толку многу алкохол и станале толку агресивни, што биле уапсени и добиле забрана за летање“.

Ова не значи дека не смеете да пиете алкохол во авионот, но бидете умерени и не заборавајте да пиете и многу вода.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-07.jpg

Немојте првпат да пробувате лекови за спиење во авион

Ако имате долг лет, нормално е да сакате да преспиете. Но, бидејќи спиењето во авион не е најудобно, многумина се потпираат на лекови за спиење.

Сепак, Екатерина истакнува дека не треба првпат да ги пробувате овие лекови токму во авионот, без разлика што ви ги препишал лекар, бидејќи не знаете како ќе реагира вашиот организам. 

„Сум видела патници кои го испиле лекот со неколку чаши вино, а ова предизвикува сериозни проблеми. Сум видела и патници кои се чувствувале ужасно поради лекот и не можеле ни да стојат“.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-08.jpg

Пијте само флаширана вода

Екатерина вели дека стјуардесите најчесто пијат само флаширана вода, а истото треба да го правите и вие.

Водата од чешмата може да ви предизвика секакви дигестивни проблеми бидејќи обично има бактерии.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-09.jpg

Земете го предвид личниот простор на другите патници

Од мигот кога ќе влезете во авионот, треба да бидете свесни дека со вас има и други луѓе и треба да го почитувате нивниот личен простор.

Односно, немојте многу да го навалувате седиштето без да се консултирате со тој зад вас, немојте да ги ставате нозете на седиштето пред вас, не правете многу врева и не го зафаќајте просторот на другите.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-10.jpg

Користете го копчето за повикување стјуардеси само кога навистина има потреба

Екатерина вели дека неа, но и на сите стјуардеси, најмногу им пречат патниците кои постојано го користат ова копче.

„Копчето постои за да ги повикате стјуардесите и ние сме среќни да ви помогнеме. Но, не би требало да го користите само затоа што сакате стјуардесата да ви ја подаде торбата.

Ако го користите кога нема потреба од тоа, ќе им го одвлечете вниманието на стјуардесите од патниците кои навистина имаат потреба од нив“.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg