Не мешајте алкохол и апчиња за спиење, пијте само флаширана вода - што (НЕ) треба да правите во авион, според стјуардеса со 10-годишно искуство

Немојте да ги викате стјуардесите за да ви ја подадат торбата или за што било што можете да го направите сами.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-01.jpg

Екатерина Покровски работела како стјуардеса цели десет години и во текот на кариерата забележала дека повеќето патници ги повторуваат истите грешки.

Со овие грешки тие не само што си го расипуваат нивното патување, туку неретко можат да бидат проблем и за останатите патници, но и за стјуардесите.

За Insider, Екатерина ги споделува најчестите грешки кои смета дека патниците треба да престанат да ги прават.

За да го направите патувањето со авион поудобно и за вас и за патниците околу вас, послушајте ги советите на Екатерина:

Однесувајте се добро со стјуардесите

Работата на стјуардесите е напорна, а покрај долгите часови, голем проблем се и некултурните патници.

Екатерина вели дека буквално на секој лет има барем еден патник кој е арогантен, па дури и агресивен кон стјуардесите.

„Не заборавајте дека стјуардесите сигурно не се наспани и дел од нив веќе имале неколку летови пред вашиот. Па, вашата учтивост може да помогне многу“.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-02.jpg

Подот е многу повалкан отколку што изгледа

Иако подот на авионот делува чисто, не заборавајте дека помеѓу летовите хигиеничарите немаат време темелно да го исчистат.

Притоа, Екатерина нагласува дека кога има турбуленции, но и поради некои несовесни патници, подот во тоалетот лесно се валка.

Ако ве чека долг лет, Екатерина советува да си понесете влечки за во авионот наместо да одите боси.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-03.jpg

Не оставајте работи во преградата на седиштата

Слично како подот, иако и преградите се чистат помеѓу летовите, обично нема доволно време за целосно да се дезинфицираат.

Екатерина вели дека неретко наоѓале и заборавена долна облека во овие прегради, па советува да не ставате ништо внатре, особено не храна.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-04.jpg

Не ги игнорирајте инструкциите за безбедност, дури и ако летате често

Ако честопати летате со авион, веројатно веќе напамет ги знаете инструкциите за безбедност што ги кажуваат стјуардесите пред почетокот на летот. Поради ова, можеби веќе не им ни обрнувате внимание.

Сепак, не заборавајте дека ентериерот на авионите може да биде различен, односно излезите за итни случаи се поставени на различни места, па вреди да обрнете внимание на инструкциите.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-05.jpg

Седиштата во првите редови имаат повеќе место, но голема е веројатноста до вас да има и родител со бебе

Факт е дека просторот во авионот е мал, па не е ни чудно што многумина сакаат да фатат седиште во првите редови каде што има повеќе место за нозете.

Но, Екатерина вели дека овие седишта неретко се избор на родители со бебиња и мали деца, токму поради просторот. Па, ако не сакате да слушате плачење, подобро резервирајте друго седиште.

Исто така, Екатерина советува да ги избегнувате и седиштата во последните редови бидејќи речиси и да нема место да го навалите седиштето.

ne-meshajte-alkohol-i-apchinja-za-spienje-ne-odete-bosi-stjuardesa-so-10-godishno-iskustvo-spodeluva-shto-ne-treba-da-pravite-vo-avion-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg