8 неочекувани работи што може да ги видите во Париз (ако некогаш го посетите)

Цената на јавните тоалети е две евра, во тоалетите од хотелските соби има хигиенски ќеси, а на секоја крстосница ќе забележите дополнителни семафори наменети само за мотоциклисти и велосипедисти. Кои неочекувани работи може да се видат во главниот град на Франција?

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-01.jpg

Градот на Ајфеловата кула, каде тече реката Сена, познат и како град на љубовта, мами воздишки со својата убавина.

Дали и вие сте од оние што сонуваат барем еднаш во животот да имаат шанса да го посетат Париз? Ако е така погледнете што би можеле да очекувате во главниот град на Франција.

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-02.jpg

Оние што имале можност да го посетат, освен што се воодушевени од културните споменици и убавината на градот, споделуваат и фотографии од голем број практични решенија во секојдневниот живот што не ги сретнале никаде на друго место.

Во продолжение погледнете неколку примери за тоа што би требало да ги очекувате доколку некогаш отидете таму:

Во летниот период заоѓањето на сонцето почнува околу 9 часот навечер, а дневна светлина има до 10 часот навечер, а понекогаш и до 11 часот. Во зима се стемнува околу 4 и 30 попладне.

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-03.jpg

За разлика од голем број аеродроми каде застанувањето со возила не е дозволено, на аеродромот во Париз има посебен паркинг за оставање и прием на патници.

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-04.jpg

Заштитно стакло во метро што не дозволува луѓето да паднат на шините, а билетите за метро се минијатурни и постојано треба да внимавате да не ги загубите.

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-05.jpg

Дополнителни семафори за мотоциклисти и велосипедисти на секоја крстосница.

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-06.jpg

Цената за влез во јавните тоалети е две евра, а постојано има неколку вработени во нив што внимаваат на хигиената и се тука за да ве услужат.

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-08.jpg

Во хотелите има хигиенски ќеси за оставање на употребените хигиенски влошки и тампони.

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-07.jpg

Освен што продаваат минијатурни сувенири, околу Ајфеловата кула има луѓе што продаваат вино и пиво, без да ви побараат документи дали сте полнолетни.

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-11.jpg

Брза достава на храната во рестораните. Додека го земете бројот за нарачка, вработените веќе ви го носат оброкот на маса.

osum-neochekuvani-raboti-shto-mozhe-da-gi-vidite-vo-pariz-ako-nekogash-go-posetite-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg