Стани 5 минути порано, заблагодари се за новиот ден, уживај во утринското кафе - започни го денот поинаку, и сè ќе биде подобро
Дожливо утро. Мамурен ден. Алармот одамна престана да ѕвони, а тебе не ти се станува од кревет. Време е за нова рутина. Обиди се да го започнеш денот поинаку.
Направи неколку промени за да ја раздвижиш досадната рутина.
Зошто не се обидеш да станеш 5 минути пред алармот? Колку и да е тешко, верувај, сè е навика.
Додека се средуваш пред огледало, заблагодари се на глас за новиот ден што престои. За сè она што имаш и на кое си горд/а.
Уживај во утринските часови кога сите сè уште спијат. Седни на тераса во пижами и испиј го вкусното кафе.
Пушти музика и пеј, ослободи ги сетилата пред што било.
Медитирај. Направи вежби за истегнување и истуширај се.
Подготви се за работниот ден, провери го календарот, запиши ги главните нешта во дневник.
Дотерај се и излези на свеж воздух.
Мала прошетка на патот до работа. Секогаш е добредојдена.
Не мора да завршиш сè – сега и веднаш. Дај си време на себе.
Земи здив, излези на дневна пауза, смени средина и околина.
Не го чекај крајот на работниот ден со нетрпение. Така времето минува побавно. За промена, искористи ги тие минути за да го организираш распоредот за наредниот ден.
Стави си потсетник во телефонот за сите работи кои ги мислиш, а немаш време да ги запишеш.
Создади рутина да ги слушнеш саканите во слободното време. Разговарај на различни теми.
Не заборавај да кажеш некому „те сакам”.
И денот... веднаш ќе добие поинаква димензија.
Обиди се, немаш што да изгубиш.
...И запомни - секој нов ден е нов почеток. Нека ова биде твојот.
М. У. Т. | Црнобело