Поранешни затвореници откриваат кои навики ги стекнале во затвор и не можат да се ослободат од нив
„Додека јадам пробувам да ја скријам чинијата и јадам што е можно побрзо“.
Служењето казна затвор е навистина стресно искуство, особено за затворениците кои ја добиле казната за релативно помал прекршок.
Затворениците секојдневно се опкружени со насилство, а условите за живот се далеку од добри.
Па, со цел да го преживеат периодот во затвор, сите затвореници стекнуваат одредени навики. А, голем дел од нив ги задржуваат овие навики со години, па и децении откако ќе излезат од затвор.
Во продолжение неколку поранешни затвореници (или нивните блиски) ги споделуваат ваквите навики:
„Кога тато излезе од затвор, се сеќавам дека беше многу учтив. Внимаваше да не се удри во никого и секогаш се извинуваше ако сака да помине некого на улица“.
„Партнерот на една пријателка беше во затвор и таму научил да масира навистина добро. Сега си има свој салон за масажа и има можеби 30 вработени“.
„Сопругот секој оброк го претвора во сендвич бидејќи лебот е евтин и заситува. На пример, прави сендвич со шпагети. Ако, пак, одиме во ресторан, се чувствува непријатно ако со грбот не е залепен за ѕид, така што ќе може да ги гледа сите, а зад него да нема никого.
Имам видено други поранешни затвореници кои кријат предмети што мислат дека се вредни, дури и ако живеат сами“.
„Бев библиотекар во затворот. Научив секогаш да гледам кој е зад мене преку рефлексијата на прозорецот за да се чувствувам безбедно“.
„Спиев на подот 10 години откако излегов од затвор. Уште на првата ноќ во ќелијата еден чувар сакаше да ме казни, па ми го зеде душекот“.
„Постојано се плашам дека ме демне опасност. Каде и да одам, ги набљудувам сите луѓе, особено ако сум во јавен превоз“.
„Додека јадам пробувам да ја скријам чинијата и јадам што е можно побрзо“.
„Дечко ми беше во затвор одамна и уште има некои навики. Си ја пере облеката во мијалникот, секое утро мете со метла, живее минималистички живот и вежба секој ден. Некогаш треба да го потсетувам дека е во ред да си дозволи и ’луксуз‘ во животот, како машина за перење облека“.
„Без проблем можам да седам и само да гледам во ѕидот, без да ми биде досадно“.
„Кога брат ми излезе од затвор, не сакаше да ја затвора вратата кога одеше во тоалет. Велеше дека му е чудно да оди сам во тоалет“.
„Го чувам секое пакетче шеќер што ми го даваат во ресторани и кафетерии во случај да огладнам“.
Спирова С. | Црнобело