„Што правам секој ден, трае помалку од 30 минути, а ми го промени животот на подобро?“
„Штом слушнам музика почнувам да танцувам – скокање наоколу половина час ‘како идиот’ и јас сум нова.“
Животот е многу стресен на моменти и мора да направиме сè што е во наша моќ за барем малку да си го подобриме секојдневието.
Луѓе на Reddit одговараат на прашањето „Што правам секој ден, трае помалку од 30 минути, а ми го промени животот на подобро?“:
„Подготвувам облека за наредното утро, пред да си легнам, па така наутро сум релаксирана, а често се случува да си подготвам и појадок и да го ставам во фрижидер за да јадам здраво наредниот ден.“
„Водење дневник – нереално е колку многу ми помага во справувањето со стресот и анксиозноста. Ми се зголеми самодовербата, а пронајдов и духовен мир.“
„Се истегнувам и наутро и пред спиење, навистина ми помага да се релаксирам, плус одлично му влијае на моето тело.“
„Штом слушнам музика почнувам да танцувам – скокање наоколу половина час ‘како идиот’ и јас сум нова.“
„Можеби звучи глупаво, но кога ќе видам како мојата градина напредува секој ден, благодарение на мојот вложен труд, јас се чувствувам среќно.“
„Практикувам благодарност, односно секој ден си одвојувам време за да си помислам во главата што сè добро ми се има случено во животот, без разлика колку лош ден сум имал, и да бидам благодарен за тоа.“
„Го навивам алармот 30 минути порано наутро за да имам време да си играм со моето куче, галењето со него ми дава енергија за цел ден.“
„Чистењето на мојот дом за мене е вистински лек за смирување, плус кога ќе ја видам хармонијата во просторот потоа, јас сум среќна.“
С. С. | Црнобело