Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 корисни совети кои ќе ве спасат од несакани ситуации во секојдневието

Совет 1 - Кога ви се повраќа и не можете да пиете вода (а мора за да не дехидрирате), грицкајте коцка мраз. Совет 2 - Во летните денови ќе се разладите полесно ако ставите ладни облоги на таканаречените пулсирачки точки, наместо залудно да се „дувате“ со нешто по цело тело. 

10-ednostavni-no-korisni-soveti-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-01.jpg

Во текот на денот можат да ни се случат многу незгоди, но повеќето можеме да ги избегнеме (или барем да ги ублажите последиците) на многу едноставен начин.

10 едноставни совети што сигурно ќе ви се најдат некогаш:

1. Ако вие или вашето дете учите да возите велосипед, постои одличен трик што ќе ви помогне да одржите рамнотежа – ако забележите дека паѓате на едната страна, свртете го кормилото на таа страна и нема да паднете.

2. Кога времето е многу топло, ќе се разладите побрзо ако се фокусирате на таканаречените пулсирачки точки како внатрешниот дел од зглобот на дланката или внатрешниот дел од лактот. Доволно е само да ставите ладна облога (влажна крпа или шише полно студена вода) на овие места за да почувствувате разлика.

10-ednostavni-no-korisni-soveti-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-02.jpg

3. Ако учите да пливате, користете очила за нуркање. Без нив ќе морате да ги затворите очите, а ова може да создаде повеќе паника. Од друга страна, со очилата ќе можете да гледате и ќе бидете посмирени додека да научите.

4. За да ги избегнете незгодите во јавен тоалет, скинете парче тоалетна хартија пред да го употребите - избришете го капакот, фрлете ја во школката и пуштете вода.

Со ова навреме ќе проверите дали има тоалетна, ќе го исчистите капакот и ќе проверите дали казанчето функционира како што треба.

10-ednostavni-no-korisni-soveti-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-03.jpg

5. Кога ќе изедете нешто многу луто, препорачливо е да се напиете млеко. Но, вкусот на млекото не оди најдобро со храната на која ставаме лути сосови и зачини, па наместо тоа можете да изедете ориз или леб кои имаат делумно сличен ефект.

6. Кога кревате тешки предмети, немојте да го користите грбот бидејќи можете да се повредите. Наместо тоа, клекнете, фатете го тешкиот предмет, па кренете го така што ќе ја префрлите тежината на нозете.

10-ednostavni-no-korisni-soveti-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-04.jpg

7. Кога чувствувате мачнина и ви се повраќа, може да биде тешко да пиете вода. Но, дехидратацијата само ќе ви ги влоши симптомите. Па, во овој случај пробајте да грицкате мраз кој ќе ве освежи и хидрира.

8. Кога ќе ни влезе нешто во окото, првиот инстинкт ни е да го истриеме со рацете. Но, ова е погрешно бидејќи можеме да ја влошиме иритацијата. Наместо тоа, во овие случаи трепнете брзо неколкупати. Ако тоа не помага, пред огледало пробајте да ја лоцирате прашинката или што било што ви создава проблеми и нежно отстранете ја со чепкалка за уши.

10-ednostavni-no-korisni-soveti-shto-kje-vi-se-najdat-vo-sekojdnevieto-05.jpg

9. Ако се бањате кога е многу ладно, избришете се со крпата пред да излезете од кадата или туш-кабината. На овој начин не само што ќе ви биде потопло, туку и нема да направите многу неред на подот од бањата.

10. Ако ви извадат заб, почекајте барем неколку денови пред да користите средство за плакнење уста. Повеќето од овие средства содржат алкохол кој може да предизвика печење и да ја иритира раната од извадениот заб.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg