Морничави примери кои покажуваат зошто бројот 11 е побаксузен од бројот 13
Уште од античко време, се смета дека бројот 11 носи несреќа. Голем број настани во модерното време го докажуваат токму тоа.
На 11 март 2011 година, по земјотрес со јачина од 9 степени, Јапонија беше погодена од големо цунами во кое загинаа или исчезнаа повеќе од 18.500 луѓе.
Но, ова е само една од многуте трагедии кои го одбележаа бројот 11 во последните дваесет години.
На 11 септември 2001 година беше нападнат Светскиот трговски центар во Њујорк, а терористите нападнаа возови во Мадрид на 11 март 2004 година.
Возовите беа цел на напади и во Мумбаи на 11 јули 2006 година.
„Изгледа страшно, но мислам дека немаше случајност во трагедијата што ја погоди Јапонија“, изјавил еден нумеролог по земјотресот и цунамито во Јапонија, а пренесуваат повеќе медиуми од регионот.
Таа објасни дека 11 е многу несреќна бројка.
„Двете единици во бројот 11 претставуваат постојана борба помеѓу доброто и злото. Меѓутоа, во таа борба доброто никогаш не може да надвладее, па константната немоќ со која зрачи тој број на крајот доаѓа до израз и затоа е толку негативен“, додаде таа.
Нумерологот тврди дека енергетската вредност на бројот се мери според неговата големина. Значи, излегува дека бројот 1 има исклучително ниска енергетска вредност, а особено две единици.
Значењето на бројот 11 го проучувале и старите Халдејци. Во нивната нумерологија, бројот 11 е крајно несреќна бројка која носи неволји во животот, несреќи, скриени опасности, разни искушенија, противници и предавства.
Вангелија Пандева Димитрова Гуштерова, позната како Баба Ванѓа, е родена во Струмица во 1911 година. Таа набрзо ослепела. Таа дури ја предвидела и нејзината смрт, на 11 август 1996 година.
Серија напади во Мадрид
Во серија координирани експлозии од 10 бомби во четири преполни патнички автомобили, во Мадрид на 11 март 2004 година загинаа 191 лице.
Збирот на цифрите на тој број на крајот дава 11. Нападите се сметаат за најголемо терористичко злосторство.
Нападот на Светскиот трговски центар е „полн“ со 11-ки
На 11 септември 2001 година, Ал Каеда ги нападна САД со четири авиони во најсмртоносниот терористички напад во кој загинаа 2.977 луѓе, а повеќе од 20.000 беа повредени.
Два авиони се урнаа во кулите на Светскиот трговски центар, третиот во Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија откако патниците ги совладаа киднаперите.
Авион на „Американ ерлајнс“ кој удри во северната кула на Светскиот центар за транспорт и врски беше на летот 11.
Бомбите во Мумбаи
На 11 јули 2006 година, терористите поставија и активираа седум бомби во градските возови во индискиот град Мумбаи, дом на 18,4 милиони луѓе и милиони кои патуваат со железница. Бомбите експлодираа на временска разлика од 11 минути.
Загинаа 209 луѓе, а повеќе од 700 беа повредени.
Кои славни личности починаа во 2011 година?
Во текот на летото 2011 година, телото на пејачката Ејми Вајнхаус беше пронајдено во стан во Лондон. Таа имаше само 27 години.
Актерката Елизабет Тејлор почина во март истата година, а Нејт Дог, хип-хоп легендата, почина во март. По долга борба со ракот, основачот на Епл, Стив Џобс, почина во октомври.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил почина во декември, а 2011 година беше фатална и за Осама Бин Ладен. Најбараниот бегалец беше убиен од американските специјални сили во Пакистан во мај.
Што мислите вие, дали бројот 11 е навистина понесреќен од озлогласената 13-ка?
(О)Милена | Црнобело