„Не инсистирајте за бесплатна пијачка – не можам да ви дадам“: Бармени откриваат што ги нервира кај гостите
„Зборувајте гласно! Околу мене има луѓе кои викаат и многу гласна музика!“
Работата на бармените може да биде навистина стресна. Во најголемата гужва немаат време да здивнат ни за миг, пред шанкот постојано има толпа народ која чека да нарача нешто, а притоа некогаш треба да се справуваат и со пијани гости.
Па, навистина треба да покажеме разбирање и да бидеме трпеливи кога сакаме да нарачаме нешто од нив.
Бидејќи многу луѓе не ги земаат предвид околностите со кои се соочени бармените, неколку од нив споделуваат што им пречи најмногу кога се на работа.
Дел од најдобрите изјави во продолжение:
„Однапред размислете што ќе нарачате. Не почнувајте да ги прашувате сите околу вас што сакаат да пијат дури кога ќе дојдам до вас. Ова одзема многу време кое го немам“.
„Зборувајте гласно! Околу мене има луѓе кои викаат и многу гласна музика!“
„Не мавтајте со парите во рака. Ве гледаме, знаеме дека сакате пијачка“.
„Не ми допирајте ништо на шанкот што ми служи за работа“.
„Ако сте ми пријател или ме познавате, не ме притискајте за бесплатни пијачки“.
„Немојте да тропате по шанкот и да ми ја кажувате нарачката кога поминувам. Ќе дојдам да ве услужам!“
„Не зборувајте на телефонот кога нарачувате. Ова само одзема време“.
„Немојте да бидете од оние луѓе кои пробуваат да преговараат. Јас не сум сопственик на барот и не можам да ви дадам никакви попусти“.
„Луѓето често ми го враќаат коктелот бидејќи не бил доволно силен. Јас следам рецепт за секој коктел. Ако не ви е доволно силен, тоа е бидејќи е коктел и треба да има убав вкус, а не да го чувствувате алкохолот“.
„Мразам кога ќе ми побараат пијачка откако ќе го затвориме барот. Не можам да направам ништо“.
„Ако пред вас има 10-тина луѓе, нормално дека ќе чекате 10-15 минути“.
Спирова С. | Црнобело