-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тој ѝ подарил замок, а таа му рекла дека може да ја посети само со писмена покана – љубовта на Гала и Салвадор Дали

Во 1969 година, ексцентричниот уметник Салвадор Дали го купил замокот Пубол од 11 век за неговата муза и сопруга Гала. Замокот бил во лоша состојба, а Дали лично ги надгледувал работите околу неговата реставрација.

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali-01.jpg

Ги украсил и таваните, со идеја кога неговата сакана ќе ја крене главата, секогаш да се сеќава на него.

Откако го добила овој скап подарок, Гала му рекла на својот сопруг: „Го прифаќам замокот Пубол, но под еден услов: ќе дојдеш кај мене само со писмена покана“.

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (12).jpg

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (7).jpg

Овие зборови го воодушевиле уметникот: неговата муза никогаш не престанала да биде непробојна тврдина за него.

Денес во замокот Пубол е сместена куќата-музеј на брачната двојка, која е отворена за туристи.

Но, како започнала нивната љубовна приказна?

Гала имала многу љубовни врски, а меѓу нив се истакнувале Макс Ернст, кој исто така ја насликал како и Дали, и со некои други истакнати надреалисти како што се францускиот писател Андре Бретон, поетот Пол Елијар и шпанскиот филмски режисер Луис Буњел.

Во 1929 година, Гала го запознала Салвадор Дали во Шпанија, длабоко се вљубила во него и го оставила нејзиниот сопруг, поетот Пол Елијар и нивната ќерка, за да се пресели со Дали во рибарската куќичка во којашто тој живеел.

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (6).jpg

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (1).jpg

Тоа било љубов на прв поглед. Во својот „Таен живот“, Дали напишал: „Таа беше предодредена да биде мојата Градива, таа што оди напред, мојата победа, мојата сопруга“.

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (4).jpg

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (3).jpg

Гала веднаш станала неговата муза, модел во делата на Дали, честопати во религиозни улоги како што е Пресвета Богородица во сликата Мадона од Порт Лигат.

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (13).jpg

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (11).jpg

Гала ги обожавала своите Тарот карти. Ги користела при носење на секоја важна одлука, а нејзините тарот читања имале и големо влијание врз кариерата на Дали.

Американската колекционерка на уметнички дела Пеги Гугенхајм, во своите мемоари, ја опишала Гала како „згодна“, но „премногу вештачка за да биде сочувствителна“.

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (10).jpg

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (5).jpg

Кога моторното нарушување на 76-годишна возраст му се влошило и одвај можел да држи четка во раката, Дали станал помалку толерантен кон постојаните вонбрачни афери на Гала.

Еден ден, тој ѝ скршил две ребра, а Гала му дала големи дози валиум и други седативи, што го направиле летаргичен.

Ljubovta-na-Gala-i-Salvador-Dali (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg