6 ритуали што ќе ви помогнат да спиете подобро
Користете го креветот само за спиење и избегнувајте да јадете, да гледате серии или да читате во него.
Квалитетниот сон е клучен за здравјето – и менталното, и физичкото. Квалитетниот сон ќе ве направи и попродуктивни и посреќни.
Сепак, многу луѓе имаат проблеми со спиењето – не можат да заспијат, не спијат мирно, наутро не можат да станат…
Ако и вие се соочувате со некој ваков проблем, можеби треба да направите промена во ноќните навики пред спиење.
Во продолжение, шест ритуали што ќе ви помогнат да спиете подобро.
Менувајте ја положбата на спиење
Не постои една совршена положба на спиење – сите имаат недостатоци, но и од сите има понекоја предност.
Па, не се присилувајте да спиете само на грб, само на страна или слично, туку менувајте положбата во зависност од тоа како ви е најудобно.
Легнувајте си и станувајте во исто време секој ден
Пробајте секој ден да си легнувате во приближно исто време и да станувате во приближно исто време, други и за викенди.
Кога вашето тело ќе се навикне на еден ритам кој постојано ќе го следите, многу полесно ќе заспивате, а наутро ќе се будите наспани.
Користете го креветот само за спиење
Ако сте во можност, користете ја спалната соба само за спиење. Немојте да јадете во креветот, да гледате серии и слично.
Креветот во спалната е место за релаксација, па користете го само за тоа.
Не вежбајте доцна навечер
Вежбањето ја зголемува телесната температура и го раздвижува вашето тело, а по ова сигурно нема да спиете добро.
Препорачливо е да не вежбате околу два часа пред спиење.
Исто така, избегнувајте и активности кои бараат активирање на мозокот и во ноќните часови правете нешто релаксирачко.
Не се прејадувате
Иако многумина од нас имаат навика да грицкаат нешто навечер, оваа навика може да ви го наруши сонот.
Ако ви се пријаде пред спиење, по секоја цена избегнувајте мрсна, солена и, генерално нездрава храна.
Наместо тоа јадете овошје, јаткасти плодови, зеленчук или што било „полесно“.
Создадете пријатна атмосфера во спалната соба
Пред да си легнете, направете ја атмосферата во спалната попријатна.
Наместете го креветот, исклучете ги силните светла, проветрете ја просторијата … Можете да си пуштите и тивка музика за дополнителна релаксација.
Спирова С. | Црнобело