Темна облека за авторитет и уште 9 психолошки трикови што ќе ви користат во секојдневието

Набљудувајте ги соговорниците додека се смеат

Ако сте во друштво на повеќе луѓе, лесно можете да утврдите кој со кого е најблизок.

Едноставно, видете кој кон кого се свртува кога се смее – кога се смеат, повеќето луѓе настојуваат да се свртат кон личноста со која се чувствуваат најудобно.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-koristat-vo-sekojdnevieto-07.jpg

Кога треба да одберете нешто, намалете го изборот

Без разлика дали треба да одберете шампон за коса, дестинација за летување или нова блуза, може да биде тешко да донесете одлука ако пред вас има многу избори.

Затоа, најпрво намалете ги изборите на не повеќе од четири и побрзо ќе изберете една од четирите.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-koristat-vo-sekojdnevieto-08.jpg

Побарајте услуга од некого

Ако сакате да се зближите со некоја личност, секогаш можете да побарате мала услуга од неа.

Со ова ќе ѝ покажете на личноста дека ѝ верувате, а откако ќе ви помогне, таа ќе се чувствува добро и ќе ве смета за поблиска личност.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-koristat-vo-sekojdnevieto-09.jpg

Обрнете внимание на начинот на седење

Ако сакате да изгледате како отворена личност, тогаш не ги прекрстувајте рацете и нозете.

Ако сакате да поставите граница, тогаш прекрстете ги.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-koristat-vo-sekojdnevieto-10.jpg

Не се ракувајте со смрзнати дланки

Нормално, некогаш не можете да го контролирате ова, но секогаш кога сте во можност малку загрејте ги дланките пред да се ракувате со некого.

Иако звучи чудно, со ова ќе изгледа како попријателски настроена личност.

10-psiholoshki-trikovi-shto-kje-vi-koristat-vo-sekojdnevieto-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg