Темна облека за авторитет и уште 9 психолошки трикови што ќе ви користат во секојдневието
Ако сакате да поставите граница во односот со соговорникот, седнете со прекрстени раце и нозе. Ако сакате да изгледате пријателски настроени и поотворени, не ги прекрстувајте.
Невербалната комуникација е исто важна колку и вербалната, па за да го извлечете најдоброто од некоја ситуација, треба да внимавате и на говорот на вашето тело.
За да оставите добар впечаток кај вашиот соговорник, без разлика дали на работа или во приватниот живот, треба да обрнете внимание на некои ситници.
Во продолжение 10 психолошки трикови што ќе ви помогнат во ова, но и во други мигови од секојдневието:
Размислете каде ќе седнете
Местото каде што седите има огромно влијание – ако седнете спроти некого, тогаш можете да делувате подоминантно.
Ако, пак, седнете до соговорникот тогаш ќе создадете попријатна атмосфера и тој ќе се чувствува подобро во ваше друштво.
Внимавајте на држењето на телото
За да изгледате самоуверено, мора да обрнете внимание на држењето, односно говорот на телото.
Ако ги соберете рацете покрај телото и го искривите грбот, ќе делувате несигурно.
Од друга страна, кога ќе застанете исправено и со малку крената глава ќе изгледате како многу посамоуверена личност.
Одберете ја вистинската боја на вашата облека
Ако сакате да покажете авторитет, темната и елегантна облека е секогаш подобар избор.
Ако сакате соговорниците да се чувствуваат поопуштено, одберете некоја посветла нијанса.
Фокусирајте се на бојата на очите на соговорникот
Кога зборувате со некого, важно е да го гледате во очи. Но, ако ви е тешко да го направите ова, пости едноставен трик – едноставно, фокусирајте се на бојата на неговите очи.
Потрудете се да го запомните името на соговорникот
Кога некој ќе ви го каже името, потрудете се да го запомните, па и да го искористите во текот на разговорот.
Со ова ќе покажете почит и соговорникот ќе има подобро мислење за вас.