Првата церемонија траела само 15 минути – како изгледале Оскарите пред половина век и повеќе? (фото)
Првите Оскари траеле само 15 минути, а на церемонијата присуствувале 270 гости. Денес доделувањето трае и до четири часа, а на настанот присуствуваат над 2.000 гости.
Од 1929 година до денес, Оскарите се имаат одржано 93 пати, а годинава (28-ми март) ќе го погледнеме 94-тото издание.
Ова значи дека најпрестижната филмска награда се доделува речиси цел век. А, од првата церемонија до денес се имаат променето многу нешта.
Првата церемонија се одржала во далечната 1929 година во Холивуд, во хотелот Hollywood Rosevelt кој работи и денес.
За разлика од денес, кога на Оскарите можат да присуствуваат и до 2.500 гости, на првото доделување имало само 270.
За престижната награда се натпреварувале филмови од 1927 и 1928 година, и тоа во 13 категории. Годинава ќе се доделуваат Оскари во дури 24 категории.
Водител на првите Оскари бил актерот Даглас Фербенкс, а целата церемонија траела само 15 минути. За споредба, денес целата церемонија трае околу три и пол часа.
Иако церемониите во минатото биле многу поразлични, холивудскиот гламур дефинитивно доминирал.
Како изгледале Оскарите пред 50, па и повеќе години?
Елизабет Тејлор во 1961 година кога го освои првиот Оскар за улогата во Butterfield 8
Грејс Кели и Кларк Гејбл на Оскарите во 1954 година
Кирк Даглас во 1954 година
Хамфри Богарт и сопругата Лорен Бакал во 1955 година
Актерката Натали Вуд се подготвува за Оскарите во 1962 година
Одри Хепберн и Грејс Кели зад сцената на Оскарите во 1956 година
Сцената на Оскарите во 1953 година – првата церемонија која била пренесувана на телевизија
Чарли Чаплин го прифаќа почесниот Оскар во 1972 година за неговиот придонес во филмската индустрија – кога застанал на сцената, актерот добил 12-минутна овација од публиката
Натали Вуд и Ворен Бити на Оскарите во 1962 година
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





