Надреални искуства: „Што видов за време на клиничка смрт, додека ме враќаа во живот?“

„Кога ја посетив по операција, свекрвата ми рече дека била сигурна дека умрела бидејќи како да била надвор од нејзиното тело и ги гледала лекарите како ја оперираат. Исто така, го видела нејзиниот починат татко“.

nadrealni-iskustva-lugje-spodeluvaat-shto-videle-za-vreme-na-klinichka-smrt-pred-da-bidat-vrateni-vo-zhivot-001.jpg

Многу луѓе кои имале блиско искуство со смртта, односно доживеале клиничка смрт, споделуваат дека во тие мигови ги гледале најчудните работи.

Некои тврдат дека во една секунда си го виделе целиот живот, други велат дека гледале некакво светло, трети имале средби со нивните починати пријатели и роднини…

Иако не е јасно што точно се случува во овие мигови, овој феномен не е така ретка појава.

Клиничката смрт настанува во моментот кога престануваат дишењето и чукањето на срцето. Во овие мигови лицата губат свест, но другите ткива и органи сè уште се живи, па ако се реагира навреме, личноста може „да се врати во живот“.

Наводно, околу 17% од луѓето кои доживуваат клиничка смрт гледаат нешто во овие мигови и иако искуствата на сите се различни, биле забележани неколку работи коишто се повторуваат.

Овде спаѓаат напуштање на физичкото тело, минување низ тунел, интензивни и најчесто позитивни емоции, „визии“ од некое сеќавање и средба со починати сакани личности. 

Многу луѓе тврдат дека во тој миг имале избор „да се вратат на Земјата“, односно да продолжат со животот.

nadrealni-iskustva-lugje-spodeluvaat-shto-videle-za-vreme-na-klinichka-smrt-pred-da-bidat-vrateni-vo-zhivot-02.jpg

За некои луѓе, овој феномен е можеби доказ за „живот по смртта“, додека научниците сметаат дека станува збор за вид халуцинација или сон.

Потребни се уште многу истражувања за оваа појава, но повеќето експерти веруваат дека феноменот е обид на мозокот да се справи со трауматичната ситуација – потенцијална смрт – па на лицата им се менува перцепцијата за реалноста и имаат надреални искуства.

Без разлика што точно се случува во овие мигови, феноменот е ништо повеќе од фасцинантен и секогаш е интересно да се слушнат искуствата на луѓето кои е нашле во ваква ситуација.

На Редит има интересна дискусија на оваа тема, откако корисник го постави прашањето: Какво беше вашето искуство откако „умревте“ и бевте вратени во живот? Дали видовте силно светло или ништо? Дали се сеќавате на она што го видовте?

Дел од најинтересните одговори во продолжение:

„Имав клиничка смрт на 16 години откако изгубив многу крв поради сообраќајка. Ја видов вселената. Беше многу мирно. Бев во некаков тунел и гледав некои сеќавања, но не можев да се фокусирам на нив. Сега имам 24 години и уште го сонувам овој миг“.

„Свекрвата беше многу болна и требаше да ѝ прават операција. За време на операцијата, срцето престанало да ѝ чука неколку минути, но лекарите ја вратија во живот.

Следниот ден кога ја посетив, ми рече дека била сигурна дека умрела бидејќи како да била надвор од нејзиното тело и ги гледала лекарите како ја оперираат. Исто така, го видела нејзиниот починат татко“.

„Неодамна дедо ми имаше слично искуство. Ни кажа дека влегол во неговата стара куќа и ја видел мајка му како мие садови. Кога таа го здогледала, му рекла: ’Што правиш овде? Уште не треба да си тука!‘ и тој се разбудил“.

nadrealni-iskustva-lugje-spodeluvaat-shto-videle-za-vreme-na-klinichka-smrt-pred-da-bidat-vrateni-vo-zhivot-03.jpg

„Речиси умрев поради компликација со бременоста, но лекарите ме спасија по три дена во кома. Не видов никакви светла или нешто слично. Но, чувствував мир и немав никакви болки. Околу мене имаше многу лекари и како да можев да ги слушнам што зборуваат“.

„Во еден миг почувствував некаква топлина, а потоа ништо. Беше многу мирно“.

„Мојот наставник во петто одделение ни раскажуваше за неговото искуство кога имал рак и состојбата драстично му се влошила. Веднаш го однеле во болница за да му направат операција, а за време на операцијата престанало да му чука срцето.

Немал никаков пулс, бил практично мртов, кога одеднаш почувствувал дека почнал да лебди над операционата маса. Можел да види што прават лекарите и да ги слушне што зборуваат. Вели дека искуството било надреално, но многу мирно“.

nadrealni-iskustva-lugje-spodeluvaat-shto-videle-za-vreme-na-klinichka-smrt-pred-da-bidat-vrateni-vo-zhivot-04.jpg

„Чичко ми, кој не е религиозна личност, беше застрелан и имаше клиничка смрт. Потоа кажуваше дека во тие мигови бил на небото и слушал некакви труби… но не видел никој и ништо околу него. Ова го натера да верува дека дефинитивно има живот по смртта“.

„Имав 29 години кога доживеав сообраќајка. Почнав да слушам глас кој кажуваше некои имиња и одеднаш се вратив во реалноста и ја почувствував агонијата од болката“.

„Имав клиничка смрт двапати и двапати го доживеав истото. Се чувствував како да сум во полусон. Знам дека беше темно и се чувствува како да летам. И во двете ситуации бев свесен и знаев дека се случило нешто важно, но не бев сигурен што. До денес верувам дека се случува нешто откако ќе умреме“.

nadrealni-iskustva-lugje-spodeluvaat-shto-videle-za-vreme-na-klinichka-smrt-pred-da-bidat-vrateni-vo-zhivot-05.jpg

„Беше многу темно, со мало светло, како во долг тунел. Постепено, светлото стануваше поголемо – се чувствував како да излегувам од тунел на најсилното Сонце. Беше топло. Потоа слушнав некакви гласови и одеднаш се најдов во просторијата каде што лекарите пробуваа да ме вратат во живот“.

„Двапати ми се има случено истото – еднаш се удавив, но ме вратија во живот. Вториот пат срцето престана да ми чука поради компликација од болест но повторно ме вратија во животот. Во двете ситуации не видов ништо освен темница, а чувствував неверојатен мир“.

„Се сеќавам дека си помислив дека ќе умрам, но не бев исплашен и се чувствував многу мирно. Се разбудив во многу силни болки бидејќи имав многу скршени коски, но во тој миг чувствував неверојатен мир“.

Дали вие сте имале некое вакво искуство?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смрт на сакана личност и уште 11 траорни искуства (кои луѓето може да ги разберат само ако минале ни... Болката да се биде во врска со некој кој те злоупотребува психички и физички и к...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg