„Ми фали мојот Nokia мобилен телефон“ – луѓе споделуваат што им недостасува од 90-тите

„Ми беше забавно кога чекав да ми ја пуштат омилената песна на радио за да ја снимам на касета“.

mi-fali-mojot-nokia-mobilen-telefon-i-ednostavniot-zhivot-lugje-spodeluvaat-shto-im-nedostasuva-od-90-tite-i-bi-sakale-da-se-vrati-01.jpg

Иако оттогаш имаат поминато само дваесетина години, во 90-тите начинот на живот беше драстично поразличен.

Технологијата допрва требаше да го доживее својот бум, интернетот беше алатка за којашто знаеја малкумина, а се чини и самиот живот бил помирен и многу поедноставен.

Факт е дека оние кои ги помнат 90-тите неретко зборуваат со носталгија за тоа време и некогаш посакуваат нештата повторно да бидат како тогаш.

На Редит, неколку корисници споделија кој детаљ од 90-тите им недостига најмногу и би сакале да се врати.

Дел од најдобрите одговори во продолжение:

„Сакам да не мора да правам нов профил за буквално секоја онлајн услуга“.

„Ми фали луѓето да не го снимаат секој аспект од нивниот живот. Да не лажат за сè и сешто за интернет слава. Изгледа ми фали периодот кога немаше социјални мрежи“.

mi-fali-mojot-nokia-mobilen-telefon-i-ednostavniot-zhivot-lugje-spodeluvaat-shto-im-nedostasuva-od-90-tite-i-bi-sakale-da-se-vrati-02.jpg

„Ми фали да не мора да сум достапен 24/7. Се сеќавам кога единствените луѓе кои имаа мобилни телефони беа бизнисмени и оние кои мораа да бидат постојано достапни. Сега, се очекува сите да бидеме достапни постојано. А, ако не го прифатиме тоа, ни велат дека сме неучтиви“.

„Ми фали телото што го имав на 18 години“.

„Да отидам на аеродром без да се чувствувам како најголем криминалец поради многуте проверки“.

„Ми фали мојот Nokia мобилен телефон“.

mi-fali-mojot-nokia-mobilen-telefon-i-ednostavniot-zhivot-lugje-spodeluvaat-shto-im-nedostasuva-od-90-tite-i-bi-sakale-da-se-vrati-03.jpg

„Онлајн анонимноста. Се сеќавам на времето кога нè советуваа да не споделуваме лични податоци на интернет. Но, се појави Фејсбук и одеднаш стана тренд да споделите буквално сè за вас онлајн“.

„Ми фали технологијата со копчиња“.

mi-fali-mojot-nokia-mobilen-telefon-i-ednostavniot-zhivot-lugje-spodeluvaat-shto-im-nedostasuva-od-90-tite-i-bi-sakale-da-se-vrati-04.jpg

„Искрено, повеќе не сакам да имам смартфон“.

„Ми фали оптимизмот за иднината“.

„Непопуларно мислење, но ми фалат гумените сандали што ги носевме во детството. Дали ми создаваа болка? Да, но никогаш не сум се чувствувала толку модерно како со нив“.

mi-fali-mojot-nokia-mobilen-telefon-i-ednostavniot-zhivot-lugje-spodeluvaat-shto-im-nedostasuva-od-90-tite-i-bi-sakale-da-se-vrati-05.jpg

„Ми беше забавно кога чекав да ми ја пуштат омилената песна на радио за да ја снимам на касета“.

„Ми фали надежта од младоста дека ќе имам исполнет живот и ќе си ги остварам сите соништа“.

„Моето детство!“

mi-fali-mojot-nokia-mobilen-telefon-i-ednostavniot-zhivot-lugje-spodeluvaat-shto-im-nedostasuva-od-90-tite-i-bi-sakale-da-se-vrati-06.jpg

„Ми фали побавниот и помирниот начин на живот“.

„Би сакала да ги имам косата и тенката половина што ги имав во 90-тите“.

Што најмногу ви недостасува вам?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg