„11 месеци трезен. Животот никогаш не бил подобар“ – Луѓе кои го победиле алкохолизмот и се вистинска мотивација

„Сѐ е добро во умерени количини“ -  ќе се согласиме дека ова е мудро правило по кое треба да се живее. Особено ако ги земеме предвид различните пороци, како на пример алкохолот.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija_01_630x330.jpg

Да не се лажеме, повеќето луѓе пијат алкохол и голем број од нив го консумираат умерено.

За жал, постои дел кој страда од алкохолизам. Оние кои се соочуваат со оваа состојба не можат да го контролираат количеството алкохол што го консумираат и трпат негативни последици како директен резултат.

Честите и големи количини на алкохол може да доведат до висок крвен притисок, што пак го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар.

Исто така, една од бројните, дополнителни негативни страни на „претерувањето“ е зголемената тежина поради големиот број на калории во алкохолните пијалаци, како и целосно менување на ликот.

Сепак, постои светла точка и голем број од луѓето зависници решаваат да ја пресечат линијата и со сите сили да се обидат да стават крај на нивната агонија. Голем број од нив и успеваат во тоа.

Во продолжение за вас издвојуваме луѓе „пред и по“ изборувањето со алкохолизмот:

„Изгубив 105 килограми за 15 месеци. Прво престанав да пијам. Три месеци подоцна ја променив исхраната. Промената е можна без разлика на вашата возраст“.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 02 630x380.jpg

„На првата фотографија сум во ужасна состојба, веќе 6-та година алкохоличар. На втората фотографија веќе сум на пат да го завршам мојот докторат“.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 03 630x380.jpg

„Би сакал да упатам огромна благодарност до националното движене Favor, кое ми помогна полесно да ги пребродам патиштата до моето закрепнување“.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 04 630x380.jpg

„На сликата лево сум пред речиси 17 месеци, надвор од собата за итни случаи, на изгрејсонце... За сликата десно проценете вие“.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 05 630x380.jpg

„Се надевам дека ова ќе му помогне на секој што сака да се откаже од пиењето. Ветувам дека нема да зажалите“.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 06 630x380.jpg

„Ја гледам првата фотографија и размислувам што ми се случи и како го преживеав своето дно, пиејќи. Преживеав секакви понижувања дури и кога закрепнав. Толку сум благодарен што успеав во мојата мисија“.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 07 630x380.jpg

„На 6 јануари 2016 година го фрлив последното шише со вотка и на 11 јануари се пријавив на рехабилитација. Речиси цела година трезна и речиси 40 килограми полесна. Повторно своја на своето“.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 08 630x380.jpg

„Денес се чувствувам како сосема поинаква личност. Ја вратив мојата самодоверба и пронајдов луѓе кои навистина искрено се грижат за мене“.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 09 630x380.jpg

„11 месеци трезен. Животот никогаш не бил подобар. Згора на тоа, изгубив 20 килограми!“

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 10 630x380.jpg

„10 години без капка алкохол. Добра мрежа за поддршка и цврста посветеност за да бидам суперхерој каков што моето куче мисли дека сум“.

11-meseci-trezen-zhivotot-nikogash-ne-bil-podobar-lugje-koi-go-pobedile-alkoholizmot-i-se-vistinska-motivacija 11 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg