„Со години одам сама во ресторан - зошто другите мислат дека ова е чудно?“

Одењето сами ресторан или кафетерија е одличен начин да си посветите малку внимание, а доколку сметате дека ќе ви биде непријатно, млада девојка споделува неколку совети со кои ќе го промените тоа.

so-godini-odam-sama-vo-restoran-6-soveti-shto-kje-vi-pomognat-i-vie-da-go-pravite-toa-bez-da-vi-bide-neprijatno-01.jpg

Повеќето луѓе немаат навика да одат сами во ресторан или кафетерија, најмногу бидејќи се чувствуваат непријатно.

Но, овој „состанок“ сами со себе може да биде одлично искуство доколку научите како да уживате во него.

Млада девојка по име Рејчел која редовно оди сама во ресторани и кафетерии решила да сподели неколку совети со кои ќе ви помогне и вие да уживате во ова искуство.

so-godini-odam-sama-vo-restoran-6-soveti-shto-kje-vi-pomognat-i-vie-da-go-pravite-toa-bez-da-vi-bide-neprijatno-02.jpg

„Поради работата, многупати имам јадено сама во ресторан, но ова е и нешто што го правам уште од факултет.

Секојпат кога ќе ме прашаат за соло одењето во ресторан, тоа е проследено и се реакции како ’Јас никогаш не би можел да го направам тоа‘. Во реалноста, ако сакате, навистина можете да го направите тоа“, вели Рејчел.

Во продолжение нејзините совети:

Одењето сам во ресторан не е само за сингл луѓе без пријатели

Некогаш на сите им е потребно време само за себе, а одењето сами во ресторан е одличен начин да си посветите малку внимание.

Кога, пак, вам ви се излегува, но никој од пријателите не може да ви прави друштво, нем ора да го откажете излегувањето и слободно сами седнете некаде.

Немојте да бидете многу строги кон себе

Рејчел истакнува дека денес сите сме загрижени за тоа како изгледаме во очите на другите и многумина се плашат дека ќе изгледаат чудно ако седнат сами во ресторан.

Но, важно е да не бидете многу строги кон себе и ако се почувствувате непријатно додека сте сами во ресторан, не се фокусирајте премногу на тоа. Пробајте да се релаксирате, нарачајте некој вкусен оброк, дозволете си да уживате и негативните емоции ќе поминат сами.

so-godini-odam-sama-vo-restoran-6-soveti-shto-kje-vi-pomognat-i-vie-da-go-pravite-toa-bez-da-vi-bide-neprijatno-04.jpg

Најверојатно никој нема да гледа во вас ниту да ви обрне внимание

Како што вели Рејчел, никој во ресторанот нема да го интересира дали сте сами или со некого.

Ако не верувате, Рејчел предлага добро да разгледате низ ресторанот и самите ќе воочите дека најверојатно никој нема да гледа кон вашата маса.

Повеќето луѓе се фокусирани на себе и на оние кои седат на нивната маса, па тешко дека ќе одвојат време за да гледаат во вас.

Што значи, нема зошто да се чувствувате непријатно.

Почнете со мали чекори

Не мора уште на првото соло излегување да одите во ресторан или кафетерија. Ако не се чувствувате подготвени за тоа, тогаш пробајте да си купите кафе за носење и седнете на некоја клупа во парк.

Кога ќе се чувствувате посамоуверено, пробајте да одите во некој локал.

so-godini-odam-sama-vo-restoran-6-soveti-shto-kje-vi-pomognat-i-vie-da-go-pravite-toa-bez-da-vi-bide-neprijatno-03.jpg

Слободно земете си нешто за разонода

Весник, книга, крстозбор – слободно земете нешто што ќе ви го одвлече вниманието доколку сметате дека ќе ви биде непријатно ако се фокусирате само на оброкот.

Или, ако имате работа, земете си го лаптопот и работете од ресторанот или кафетеријата. 

Рејчел истакнува и дека секогаш можете да „скролате“ на некоја социјална мрежа и да се почувствувате како да сте дома во вашата дневна соба.

По неколку соло излегувања, ќе ви биде многу полесно

Рејчел нагласува дека како за многу други нешта, и за соло одењето во ресторан е потребна пракса.

Додека првите две-три излегувања можеби ќе ви биде малку непријатно, потоа ќе се навикнете и ќе немате никаков проблем.

А, како што вели Рејчел, ова чувство може да биде навистина ослободително бидејќи повеќе нема да зависите од другите кога ви се излегува.

Само затоа што некои денови немате друштво, не значи дека не можете да се почастите со убав оброк во ресторан или шолја кафе во омилената кафетерија и вистински да уживате во тоа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg