Гледање на кафе за почетници – што симболизираат броевите во шолјата од кафе?

Без разлика дали верувате дека гледањето во шолја кафе може да ја предвиди иднината или пак го правите тоа од забава, овој мал водич ќе го направи целиот ритуал на „пиење кафе“ многу позабавен.

Gledanje-na-kafe-za-pocetnici-01.jpg

Доколку им припаѓате на генерациите кои беа опседнати со „гледање на кафе“, дознајте што симболизираат броевите исцртани од талогот на крајот од пиењето:

Број 1

Оние кои веруваат дека ова „гатање“ навистина открива нешто за животот, сметаат дека бројот 1 во шолјата е знак за нов почеток или нова можност.

Се смета за знак дека нешто може да се смени од корен и дека тој што ја превртел шолјата има моќ во рацете.

Број 2

Најчесто укажува на неодлучност и дека се отвораат два патни правци, а може да биде и знак за двојна среќа или несреќа.

Број 3

Ова е еден од најсреќните броеви и честопати е знак за добри вести кои ќе пристигнат во одреден момент. Понекогаш тоа се однесува на парична добивка или успех.

Број 4

Едни ја толкуваат четворката како знак дека наскоро ќе дојде до кавга со некој од најблиското опкружување, додека други сметаат дека таа укажува на просперитет.

Број 5

Оние кои ја гледаат 5-ката во шолјата велат дека петката е знак дека тој што ја свртел чашата е мета на озборувања и дека има непријатели за кои не знае.

Број 6

Ова е љубовен број, што значи дека најавува ново познанство, почеток на врска или љубовен предлог. Доколку, пак, е на дното на шолјата или е превртена или легната, тоа може да биде лоша љубовна бројка и знак дека партнерот ве изневерува.

Број 7

Најсреќниот меѓу бројките најавува среќа, успех и реализација на плановите. Ако има линија, се верува дека е лош знак.

Број 8

Осум се смета како најава за конфликт со блиски луѓе, а кога е „легната“, укажува на некаква бесконечност – во чаша „полна со добри вести“ е знак за нешто убаво што го имате ќе трае, а во „лоша чаша“ тоа може да значи дека сте во нерешлива ситуација.

Број 9

Оваа бројка најавува можност за патување или добри вести од некој со кој не сте блиски, а може да ви ја промени судбината.

Број 10

10 укажува дека нешто ќе биде завршено, односно дека ќе се заврши некоја фаза или проблем. Често е знак дека пред вас следува пофалба или награда, а на вљубените им најавува брак или обединување.

Број 100

Ова е бројка што едвај чекаат да ја видат оние кои ќе ја погледнат шолјата, бидејќи укажува на ненадејна и огромна среќа и исполнување на желбите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg