5 совети за секој кој не знае како да се опушти во животот

Сите знаеме дека одморот и релаксацијата се многу важни за умот и телото. Но, дали некогаш сте размислувале како може вистински да се опуштите? За многу луѓе, опуштањето во животот е незамисливо. Не секој може релаксацијата да ја спроведе во пракса. Тоа е нешто што треба да се усоврши.

Pet-soveti-za-sekoj-koj-ne-znae-da-se-opusit-01.jpg

Со цел да го заштитиме нашето физичко, а особено и менталното здравје, ви нудиме 5 совети за опуштање, дури и доколку ви е тешко да го правите тоа:

Научете и бидете свесни за она што ве релаксира

Можеби звучи премногу очигледно, но многу луѓе навистина не знаат што точно ги релаксира и како да се релаксираат кога ќе дојде до застој во организмот.

На пример, многу луѓе сакаат да поминуваат дури и по неколку часа на Фејсбук или Инстаграм и тоа е нивната рутина за релаксација. За други, пак, ова е стресен процес.

Можеби се релаксирате со помош на медитација или дремење, капење во бања со меурчиња, а за други овие работи се многу досадни и бескорисни. Релаксацијата не е единствен и точно утврден процес за секого, излеана како од калап.

Кога ќе сфатите што точно ве релаксира, можеби ќе треба да го преобликувате и начинот на кој размислувате за тоа, бидејќи тоа е резултат на сите активности што ги извршувате.

Истражете ги вашите интереси за некое хоби, различни активности, различни начини на дружење, практики за самопомош и на крајот на краиштата, запрашајте се како сето тоа влијае на вас – како се чувствувате по одредени постапки, дали сте стабилни, приземни, смирени.

pet-soveti-za-sekoj-koj-ne-znae-kako-da-se-opushti-vo-zivotot-02.jpg

Имајте свесна намера во сè што правите

Да се има намера е еден вид на „златно правило“ за одмор. За релаксацијата да биде ефективна, треба да се посветите на тоа бидејќи, на пример, половина час одмор во никој случај не е исто што и два часа фокусирана, намерна релаксација.

Вистината е дека луѓето постојано се полуодморени, вознемирени од социјалните мрежи, работата, е-поштата…

Го поминувате одморот во денот, размислувајќи за списоците со обврски или бесцелно талкајќи помеѓу активностите бидејќи навистина не знаете што сакате да постигнете.

Наместо тоа, обидете се да стекнете навика да си кажувате кога е време да се опуштите и дека навистина ќе го правите тоа. Само тогаш ќе ги исполните вашите потреби и ќе одредите граници на вистинскиот одмор и релаксација.

Распоредете го времето за одмор

Кога немате план, имате тенденција да носите одлуки врз основа на тоа како се чувствувате во даден момент. И иако понекогаш ова може да испадне добро, многупати работи против вас.

Ако едноставно чекате да ви се подобри расположението или моментот кога ќе дојде време за тоа, нема да се одморите ни приближно доволно.

Релаксацијата треба да го вклучите во вашиот распоред, а најважно е да бидете искрени за она што сакате и што ви е потребно. Не дозволувајте ништо да ви застане на патот кон она што го сакате и мислите дека е најдобро за вас.

Воспоставете ваши ритуали за добро расположение

Ова е особено важно за сите вас кои работат од дома. Тогаш, границите на приватното и деловното лесно можат да станат нејасни бидејќи нема рутини кои помагаат да се сигнализира почетокот и крајот на работното време.

И тоа е всушност многу важно – да испратите сигнал до мозокот кога е време да излезете од режимот на работа и да преминете во режим на мирување.

Кога ќе дојде време за тоа, обидете се да стекнете нова навика која може да ви послужи како сигнал – прошетајте, медитирате, вежбајте, напишете список со задачи за следниот работен ден или нешто друго што ве прави среќни да се префрлите во друго расположение.

pet-soveti-za-sekoj-koj-ne-znae-kako-da-se-opushti-vo-zivotot-03.jpg

Научете ги вештините за управување со вашите емоции

Силните емоции понекогаш може да ви предизвикаат состојби од анксиозност до чувство на вина. Ова е моментот кога треба да се разгледа менталната страна на вашата личност.

Ако ви е тешко да се оттргнете од некои негативни мисли и се чувствувате фрустрирано или тажно, ако не можете да се опуштите поради мислите кои постојано ви ја вртат главата или егзистенцијалниот страв, обидете се со вежби кои ќе ги преобликуваат тие мисли.

Овој тип на вежби ќе ви помогнат да се изградите како личност која подобро управува со својот живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg